Кога не ви се допаѓа работата, тоа може негативно да влијае на секој аспект од вашиот живот. Поминувате една третина од денот на работа и штета е доколку сте несреќни за цело тоа време. Што е тоа што може да го направите во врска со ова?
На располагање ви стојат две опции - може да пронајдете нова работа или да започнете нвоа кариера. Менувањето работни места не е лесно, но промената на кариера е уште потежок процес кој бара долго време на подготовка. Некои прашања кои треба да си ги поставите и она што треба да го дефинирате за себеси, може да бидат следниве:
- Не го сакате вашето работно место, но уживате во работата
Одлично време за промена е кога се уште си ја сакате работата која ја работите, но вашиот претпоставен не е во добри односи со вас, имате соработници кои ви ја отежнуваат работата или едноставно, премногу време трошите во сообраќајот.
- Не ви се допаѓа работата, но не сте сигурни зошто

Тешко е го работите она што го сакате ако не знаете дали коренот на вашиот проблем е тоа што не сте задоволни од вашиот работодавач или воопшто од одговорностите кои ги имате. Ако се уште не можете јасно да одговорите на оваа дилема, пробајте да побарате нова работа пред да направите било што. Промена во кариерата е огромен чекор, посебно ако за новата позиција потребен е дополнителен тренинг.
- Задоволни сте од вашиот претпоставен и вашата работа, но имате проблем
Во основа, она што го работите ви се допаѓа, не ви создава дополнителна нервоза, меѓутоа нешто не се вклопува сосема, решението можеби да е токму во пронаоѓање на нова работа. На пример, ако работите во продажба и ви е доста интересна интеракцијата со потрошувачите, но ви е здосадено од производот/услугата која ја продавате, различниот производ за продажба може да доведе ново ниво на задоволство во вашиот живот.
- Многу сте среќни од вашите колеги и шефот, но не и од вашиот избор на кариера
Ако не сте задоволни со вашата кариера, промената токму таму е она што ви е потребно. Доколку сте во добри односи со вашите претпоставени и соработници, сепак, не мора да брзате. Може да останете на таа работа додека не сте подготвени да продолжите, но искористете го паметно тоа време. Истражете се себеси и дефинирајте кои кариери најмногу ви одговараат. Потоа истражете ги оние кои најмногу ве интересираат, за да може да научите за нив. Следен чекор е потрага на тренинг или обука за соодветната позиција која сте ја одбрале, додека се уште сте вработен на првото работно место.
