Конфликти на работното место може да се случат поради многу причини, но една од главните причини е што луѓето доста често имаат различни идеи и начини за пристапот кон работата и не сите околу нив би се согласиле. Секој од нас знае како да се справи со конфликтот. За некои луѓе, тоа значи познавање како ефективно да ги комуницира своите желби и потреби со цел подобро разбирање на проблемот и како е поврзан со другите: но, за некои луѓе, справувањето со конфликтот е само на агресивен начин, некомпромисен што е тешко за донесување било какво решение. Заедничкото живеење или работење на луѓето никогаш не се одвива без проблеми, но клучот е да се научат стратегии во кои двете страни би биле слушнати.
Формирање цврсти професионални врски од почетокот
Избегнување на политиките на фирмата како и на озборувањето е еден начин за избегнување на конфликт на работното место. Учествување во озборување може да ве покаже во лошо и непрофесионално светло и пред вашите вработени и пред претпоставените. Понекогаш, конфликт на работното место може и да е добро за работната атмосфера. Искажување на отворени мислења, идеи, различни ставови за исто прашање може да ги мотивира двете страни да разговараат и да најдат компромисно решение.

Одржувајте го мирот на работното место
Вообичаено, во природата на човекот е да прави повеќе од конфликтот отколку што тоа навистина е. Можеби да е до личната гордост која не спречува да бидеме првите кои ќе иницираме на помирување, но токму овој гест, ја покажува вашата волја за создавање мирољубива атмосфера.
Фокусирање на фактите
При решавањето на конфликтите, важно е да се држите до фактите. Многу е возможно дека и Вие и лицето со кое го имате конфликтот ги гледате нештата на сосема различен начин, но е мнгоу важно за двете страни да се задржат на она што тие го гледаат како факти и да не дозволат емоциите да им застанат на патот.

Бидете добар слушател
Секој добар преговарач знае дека во суштината на преговарањето лежи способноста за слушање. Истото правило важи и за решавање ан конфликтите. Ако сте постојано фокусирани на себеси и не слушате што има другата страна да каже, ја избегнувате клучната ситуација за решавање на конфликтот. Комуникацијата секогаш треба да е со почит кон другата страна, не натпревар во надвикување. Трпеливоста за сослушување на другиот може многу брзо да го реши целиот конфликт.
Win - win ситуација
Дури и ако две личност се во конфликт, нивните цели може да се многу слични. Решавањето на проблемот, разговарот, нудењето алтернативи и крајното решение со win-win ситуација за секоја страна навистина може да помогне да се развие работниот однос во многу подобра насока.