Се чини како многу едноставно прашање. Дали вие знаете зошто таа компанија ве вработи токму вас?
Шарлин Лоби, Специјалист за човечки ресурси/Консултант, ја раскажува следнава ситуација:
Еден од моите поранешни претпоставени ме одведе на ручек за да ми каже зошто ме вработила токму мене. Таа ми кажа - Затоа што ти не доаѓаше од индустријата. Таа сакаше некој од надворешноста кој ќе поставува прашања и ќе го предизвикува статусот кво. Таа почуствувала дека тоа и е потребно на компанијата

Ако организацијата сака вработени кои ќе бидат лојални и успешни на нивните работни позиции, мора да им биде кажано зошто биле вработени. Не за што биле вработени да работат, туку зошто токму тие покрај сите други кандидати. Менаџерот кој вработува, треба да има планиран, со намера разговор со избраниот кандидат кој објаснува:
- Искуството кој одбра одбраното резиме се одвојува од другите;
- Знаењето, вештините и способностите од кои компанијата се воодушевила;
- Нештата кои кандидатот ги кажал за време на интервјуто кој го/ја одвоил од останатите кандидати.
Ваквиот начин на комуникација со ново-вработениот/та ја зголемува самодовербата кај вработениот/та и им кажува многу за како да комуницира со организацијата и со вработените. Меѓутоа, ова не треба да биде едносмерна улица.

Вработениот исто така, треба да комуницира зошто понудата била прифатена. Кога овој разговор ќе биде закажан, давањето до знаење на компанијата за овие информации е исто од огромно значење.
- Што е тоа за компанијата која го мотивирила кандидатот да аплицира?
- Кои нешта биле изговорени за време на интервјуто кои го воодушевиле кандидадот?
- Кој аспект/дел од културата на компанијата навистина се одвоила?
Ова е многу ефикасен начин за градење доверба помеѓу работодавачот и вработениот кандидат или кандидатка. Позитивните работни односи почнуваат со отворен и искрен разговор за тоа зошто кандидатот бил вработен и зошто кандидатот прифатил. Она што може да го каже одговорниот во компанијата е „Јас сакам да бидеш успешен/на со нас. Дозволи ми да споделам со тебе што е тоа што ме импресионираше за време на процесот на вработување, конкретно за тебе.“ А ново-вработениот/та може да одговори со нешто како „Посебно ми се допадна тоа што компанијата ми понуди XX. И ги ценам вашите забелешки во врска со YY.“
Ако ваквиот вид на разговор со вашите вработени не е дел од вашата програма за вработување, можеби треба да биде. Тоа е почеток на фидбекот кој може да е од суштинско значење за успех во работата.