Маркетинг консултантот ја врши целата работа околу маркетингот на одредена компанија. Тие развиваат јасни стратегии за да ги остварат целите на компанијата - се од дефинирање на таргетираната публика до одлучување на главната порака и најефективните канали кои треба да се употребат за да се допре до определената публика. Потоа, тие го имплементираат планот, ги бележат резултатите и ги менуваат методите доколку е потребно.
Добар маркетинг консултант може да работи со вас и вашиот тим за да ги идентификува постоечките грешки и да креира решенија. Често, тие се специјализирани во одредена област, вклучувајќи дигитална маркетинг стратегија, маркетинг на социјални медиуми и слично.
Внимателно постапувајте со изборот на маркетинг консултант!

Консултатантите генерално, се сметани за експерти во својата област. Нажалост, не е потребно да бидете експерт за да се нарекувате така. Овие денови, се повеќе се појавуваат „консултанти“, квалификувани или не. При вработувањето на консултант, забележете дали кандидатот го поседува следново:
- Дали ги поседува бараните квалификации - Таков вид на квалификации се дипломата во маркетинг (можно е и мастер) или во слична област, докажано искуство и резултати, како и работна историја во поголема компанија во департманот за маркетинг.
- Дали поседува дигитално искуство - Без разлика дали моментално се фокусирате на дигиталната стратегија или не, доколку кандидатот не е запознан со дигиталниот маркетинг, тоа е доволно предупредувачки знак во денешно време.
- Дали се експерти во својата област - Во идеални услови, вашиот консултант во најмала рака, ќе биде запознаен со сите аспекти на маркетингот и ќе биде експерт во својата област. Тоа може да биде дигитален маркетинг, социјални медиуми, содржински маркетинг и слично.
- Дали има искуство во вашата индустрија - Не постојат две слични индустрии и истото важи и за маркетинг стратегиите. Додека некој со помалку искуство во вашата област може да биде успешен, посигурно е да вработите некој кој има искуство токму во вашата индустрија.
Знаци дека ви е потребен маркетинг консултант
1. Потребни ви се повеќе работници - ова посебно се однесува на малите бизниси и старт-ап компаниите. Доста често, ова значи ограничувања во буџетот и човечките ресурси. А најчесто, токму на малите бизниси најмногу им е потребен маркетинг консултант. Ако забележете дека немате доволно луѓе за да креирате успешна маркетинг стратегија, може многу да ви користи вработувањето на маркетинг консултант, макар и хонорарно или на половина работно време. Тие ќе работат со вас и вашиот тим за да ги остварат целите кои веднаш ќе покажат растење на вашиот бизнис.
2. На вашиот тим му е потребен тренинг - Можеби ги имате човечките ресурси, но можеби на нив може да им користи мал тренинг и менаџирање, како и советите кои еден експерт може да ги понуди. Еден од бенефитите на маркетинг консултантот се што тие нудат и персонализирани услуги, кои можат да бидат искористени за оформување нови знаења и подобрување на вештините.
3. Потребна ви е солидна маркетинг стратегија која носи резултати - Како што секој успешен маркетер знае, постигнувањето резултати започнува со солидна стратегија. Маркетинг стратегиите се креирани за идентификување на главните цели на компанијата и начините на кои тие можат да бидат постигнати. Но, многу луѓе кои не се запознаени со овој процес едноставно ја прескокнуваат стратегијата и одат веднаш на испораката на резултатите. Не е изненадување дека оваа тактика доста често не резултира позитивно. Ако инвестирате во маркетинг (нешто што апсолутно би требало да го направите), не смеете да си дозволите стратегија која што не функционира, која ќе се сврти против вас или полошо, која не постои. Заштедете си време и грижи и најмете консултант кој може да ги води сите ваши маркетинг активности.
4. Пробавте многу тактики и ниту една не функционира - Активни сте по социјалните медиуми? Имате блог? SEO функционира? Резултатите - не целосно. Можете да се обидувате со сите вистински нешта, но понекогаш она што навистина ви е потребно е некој кој ќе го возвиши вашиот тим и ќе го постави на јасниот пат на успехот. Маркетинг консултантот може да го направи тоа, тој/таа ќе ги состави сите овие парчиња во стратегиски план, осигурувајќи дека секоја акција ќе има цел и ќе допринесе до поголемата слика.
