Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки, Алма‑М, Млекара СЕТЕК!

Огласи за работа во Виола Аптеки, Алма‑М, Млекара СЕТЕК!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата АлмаМ ДООЕЛ е еден од водечките дистрибутери на прехранбени производи и кондиторски производи во Северна Македонија. Основана во 1991 година како приватно друштво за увоз и извоз на широка потрошувачка, Алма‑М постепено се позиционира како главен играч во трговијата на големо и мало.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) – ГОСТИВАР
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ЗА ДОСТАВА НА РОБА – СКОПЈЕ

АВТОНОВА ДОО Скопје е ексклузивен увозник на возила за марката Citroën на пазарите во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија која веќе 20 години успешно работи.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Народна банка на Република Северна Македонија е централна банка и следствено единствена емисиона банка во Република Северна Македонија. Нејзина основна цел е одржување на ценовната стабилност.

Моментално вработува:

ИЗВРШИТЕЛИ

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години.

Моментално вработува:

ПРАВНИК

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Психолошко насилство на работа – ваши права и начини на заштита

Се чувствуваш понижено и игнорирано на работа? ова мора да го знаеш

Не секое насилство остава модрици. Понекогаш доаѓа во форма на навидум „безопасна“ шега, постојано омаловажување, игнорирање или јавна критика. Но ефектот е ист – ослабена самодоверба, зголемен стрес и страв да се оди на работа.

Ова се вика мобинг – форма на психолошко насилство на работното место, и за жал, сè почесто е присутна во нашата средина.

Што претставува мобинг?

Мобингот може да доаѓа од шеф, колега или дури цел тим. Најчести форми се:

  • Постојано критикување или омаловажување
  • Изолација од тимот
  • Закани или уцени
  • Иронични или понижувачки коментари
  • Давање невозможни рокови или задачи што се „казна“

Ваши права

Во Македонија, мобингот е препознаен во Законот за работни односи, а жртвите имаат право на заштита, вклучувајќи:

  • Пријава до работодавачот – особено ако компанијата има интерен правилник или лице задолжено за човекови ресурси.
  • Обраќање до Инспекторатот за труд
  • Покренување постапка за заштита од мобинг пред надлежен суд

Работодавачите се должни да преземат мерки против психолошко насилство и да овозможат безбедна и здрава работна средина.

Како да се заштитите?

  • Документирајте сè: Снимки, пораки, мејлови, сведоци – секој доказ може да биде клучен.
  • Побарајте поддршка: Од колеги, доверливо лице, психолог или правна служба.
  • Не молчете: Колку подолго се трпи, толку е потешко. Гласноста е прв чекор кон заштита.
  • Запознајте ги вашите права: Информираноста е моќ.

Запомнете:

  • Работното место не смее да биде извор на страв, туку на развој.
  • Ниту еден успех не вреди ако секој ден го плаќате со душевен мир.
  • Ако чувствувате дека сте жртва – не сте сами, и не сте „проблемот“. Проблемот е од другата страна.

Работната рутина ве „убива“, прочитајте и за: Како да внесете позитивна енергија во работната рутина

Тагови: HR совети за работа мобинг на работното место

Промовирани огласи »

Слободни над 16.000 места за упис во средно образование – започнува вториот рок

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование при првото пријавување во јуни ќе имаат втора шанса на второто електронско пријавување на 30 јуни

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование при првото пријавување во јуни ќе имаат втора шанса на второто електронско пријавување на 30 јуни. Документите ќе се доставуваат на 1 јули, а ранг-листата ќе биде објавена на 2 јули до 12 часот. Овој упис важи за учебната 2025/2026 година.

Според податоците од Министерството за образование и наука, слободни се вкупно 16.034 места: 10.758 на македонски наставен јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски јазик. Од нив, 3.727 места се за гимназиско образование, а 12.307 за стручно образование, што ја потврдува зголемената понуда за стручното насочување.

Во првиот јунски рок (14–17 јуни), од пријавени 16.601 ученици, вкупно се запишале 13.712. Од нив, 10.172 се запишале на македонски, 3.248 на албански, 279 на турски и 13 на српски јазик. И годинава стручното образование останува попривлечно, со над двојно повеќе запишани ученици (9.469) во споредба со гимназиското образование (4.243).
 

Тагови: Министерство за образование и наука (МОН) упис во средните училишта

Промовирани огласи »

Временски услови денес: Сончево утро, нестабилно попладне

Во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилност на неколку места

Претежно сончево и многу топло време со повремена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови се очекува нестабилност на неколку места, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е и локално невреме со појава на град.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб северен ветер. Во попладневните часови се предвидува нестабилност, со локални врнежи од дожд, грмежи и потенцијална појава на невреме во одделни делови од котлината.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

24.06.2025 Вторник   19° / 35°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


21°
20°
19°
19°
20°
21°
23°
26°
28°
31°
33°
34°
35°
35°
35°
35°
34°
33°
30°
29°
26°
24°

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

2

2

2
25.06.2025 Среда   19° / 37°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
22°
21°
20°
20°
19°
20°
23°
27°
29°
31°
33°
34°
35°
36°
37°
37°
36°
36°
35°
32°
30°
28°
26°

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

2

1

2

2
26.06.2025 Четврток   22° / 38°
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
25°
25°
24°
23°
23°
22°
23°
26°
28°
31°
33°
35°
36°
37°
38°
38°
38°
38°
38°
38°
33°
33°
33°
33°

2

2

2

2

2

2

2

2

1

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

1

1

1

1
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »