Промовирани огласи »

Римац: Работниците имаат поголеми плати од мене

Фирма каде човечкиот фактор е најважен и работниците се ценат

Претприемачот Мате Римац кој има компанија вредна милијарда куни вели дека работниците му се на прво место и дека имаат повисока плата и од него. 

Римац смета дека така треба да биде во сите нормални компании. 

Имаме 250 луѓе од 16 националности, спречуваме Хрватите да одат надвор од земјата. Вработуваме Американци, Германци, Австралијанци, Ирци, а нашите луѓе одат во тие земји. Работничките права се во фокусот и се трудиме да бидеме врвни - вели Римац. 

Римац вели дека како дете живеел скромно, а татко му работел во Германија. 

Во 2000 година се вратиле во Германија. 

За себе раскажува дека отсекогаш сакал да се занимава со автомобили и да прави иновации. 

Римац додава дека ако седум часа и тоа четири години читате за една област, тогаш ќе бидете во 1% од најдобрите луѓе во таа бранша. 

Додава дека наутро доаѓа на работа, до 18 часот има состаноци, а си оди во 22 часот. Тоа е неговата визија за која вели дека бара многу одрекувања. 

Промовирани огласи »

На ова да внимавате: Kако да не ве измамат за работа во странство?

Неколку чекори до безбедна работа во странство

Кога луѓето бараат работа во странство, треба прво да внимаваат на агенцијата. 

Доколку заминуваат преку агенција, треба да проверат дали таа има лиценца за работа. 

Најбезбедно е да не се заминува надвор од државата без потпишан договор за работа. 

Ако ви кажат дека договорот ќе го потпишете кога ќе стигнете во странство, значи нешто не е во ред. 

Во договорот мора да бидат прецизирани условите, платата, трошоци за превоз и слично. 

Мора да обрнете внимание што потпишувате. 

Ако се случат некакви проблеми, помош можете да побарате во амбасадата во наведената земја. 

Промовирани огласи »

По интересно истражување, конечно е откриено како некои жени постојано се расположени и насмеани на работното место.

Погледнете ја листата на работи кои ги прават такви:

Имаат домашни миленици – науката одамна докажала дека луѓето со домашни миленичиња генерално се посреќни од останатите. Домашните миленичиња го подигнуваат расположението, делуваат смирувачки и ја олеснуваат стресното секојдневие со љубовта со која нè опсипуваат.

Се ставаат себеси на прво место – жените кои се секогаш позитивно расположени се ставаат на прво место и не се срамат поради тоа. Со тоа што секогаш водат грижа за своите потреби, тие се среќни и задоволни со својот живот.

Тие се секогаш благодарни – на секој нов ден, на секој убав момент, на секоја насмевка која ја добиваат од другите и на сета убавина која им ја пружа животот. Верувале или не, тие се благодарни и на животните неправди, бидејќи тоа ги прави посилни.

Секојдневно вежбаат – без оглед на тоа колку работа и обврски имаат, тие пронаоѓаат барем 30 минути дневно за вежбање или некоја физичка активност. Не го прават тоа поради изгледот туку поради нивното здравје, а по тоа секогаш се чувствуваат смирени и позадоволни.

Промовирани огласи »

Во кои професии се најплатени жените во светот?

Помош при избор на вашата кариера, размислете за овие професии

Секој од нас во некој период од животот размислува за својата идна професија. Тимот на KARIERA.mk ви помага да ја направите одлуката полесно :)

Пејачки 

Навистина е забележителна разликата меѓу мажите и жените кои се занимаваат со оваа професија. Жените заработуваат дупло повеќе од мажите!

Нутриционисти

Жените се познати по исклучително внимавање на линијата и здрави продукти. Токму заради ова и жените нутриционисти се по барани и повеќе платени од мажите. Забележано е и дека ги има во поголем број отколку во машки род

.

Воспитувачи

Жените ја имаат онаа природна предиспозиција за нежност и љубов. Токму заради тоа и се прогласени за подобри негувателки и воспитувачки. Сумата која ја примаат за завршените обрки е поголема од мажите во оваа професија.

Туристички водичи

Изгледа дека жените умеат многу подобро да ги спроведат туристите во обиколка на светот, па затоа и заработуваат дури 114,8 проценти повеќе од мажите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »