Промовирани огласи »

Прогноза за денес: Каде ќе биде најтопло, а каде најстудено?

Ќе дува слаб до умерен северен ветер

Во претпладневните часови, во јужните и западните делови ќе преовладува променливо облачно време. Како што ќе одминува денот, времето ќе се стабилизира и насекаде ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 5 до 13 степени.

Во главниот град денот ќе донесе сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температура: 11°C
Притисок: 986 hPa
Влажност: 35%
Ветер: 3 m/s

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

29.04.2025 Вторник   10° / 20° 06:34   20:31
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















20°
18°
15°
13°
12°
10°

4

3

3

3

3

3
30.04.2025 Среда   / 24° 06:33   20:32
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h








13°
16°
18°
20°
21°
22°
24°
24°
23°
23°
22°
19°
17°
15°
13°
12°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

3

2

3

3

3

3
01.05.2025 Четврток   / 23° 06:32   20:34
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
11°
10°
10°




12°
15°
18°
20°
21°
22°
23°
23°
23°
23°
22°
22°
20°
18°
16°
15°
14°

3

3

3

3

3

3

3

3

3

3

4

4

4

4

4

5

4

4

4

3

2

3

3

4

Промовирани огласи »

Што значи неплатен одмор и кој има право на истиот?

Детали за мирување на работниот однос во подолг период

Најверојатно, знаете дека секој вработен има право на неплатено отсуство и за истото можете да прочитате повеќе информации кои би ви послужиле доколку некогаш треба да го искористите ова право.

За неплатеното отсуство од работа (мирување на работниот однос) основно е дека вработеното лице има право да побара неплатено отсуство поради лични причини или ако е избран или именуван за вршење некоја јавна функција, и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.

Неплатеното отсуство временски е ограничено и изнесува најдолго 3 месеци во текот на календарската година. Доколку вработениот користи неплатено отсуство од работа 3 месеци, работодавачот е должен да му издаде решение дека работникот користи неплатено отсуство, да ја извести надлежната институција ‒ Агенцијата за вработување, а притоа работодавачот е должен да му го чува работното место.

Како што работодавачот е должен да го чува работното место, така вработениот што користи неплатено отсуство е должен да се врати на работа во точно определениот ден (најдоцна во рок од три дена по престанокот на отсуството или во рок од 15 дена по престанокот на мандатот на јавната функција), согласно решението со кое му се одобрува неплатено отсуство од работа.

Тагови: неплатен одмор работнички права

Промовирани огласи »

214 возачи вчера возеле пребрзо, добија санкции од полицијата

И покрај масовното казнување пребрзо се вози на македонските патишта.

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок, информираа од МВР

Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, како и 82 мерки за возење без возачка дозвола. Вчера, покрај ова, изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига. Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила како и осум технички неисправни возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. вести и билтени, потестуваат од полицијата. 

Тагови: МВР сообраќај сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Зошто е добро да вложувате во обуки за вработените?

5 бенефити од обуки за вработени – број 3 ќе ве изненади

Во динамичниот свет на бизнисот, каде технологиите и пазарните услови постојано се менуваат, најголемата предност на една компанија не се машините, туку – луѓето. Вложувањето во обуки за вработените не е трошок, туку стратегиска инвестиција што носи долгорочна добивка.

1. Подобра продуктивност и ефикасност

Кога вработените имаат соодветни знаења и алатки, тие ја извршуваат работата побрзо, поквалитетно и со помалку грешки. Обуките им овозможуваат да бидат во чекор со најновите методи, технологии и практики.

2. Поголема мотивација и ангажираност

Кога компанијата инвестира во развојот на вработените, тие се чувствуваат ценети. Тоа ја зголемува нивната лојалност, ангажираност и подготвеност да дадат повеќе од себе за успехот на компанијата.

3. Задржување на таленти

Обуките и можностите за развој се едни од клучните фактори поради кои луѓето остануваат во една компанија. Вработените сакаат да растат – ако не им го понудите тоа, ќе си заминат таму каде што можат.

4. Подготовка за идни предизвици

Преку континуирана едукација, компанијата гради флексибилен и прилагодлив тим кој може да одговори на нови предизвици, да преземе лидерски улоги и да ја води организацијата напред.

5. Подобра услуга и задоволни клиенти

Обучен вработен знае како да комуницира со клиенти, како да ги реши нивните проблеми и како да понуди вистинско решение. Задоволен клиент = повратен клиент.

Вложувањето во обуки не е луксуз – тоа е паметна деловна одлука. Компаниите кои континуирано инвестираат во своите луѓе, не само што ги задржуваат најдобрите, туку и создаваат култура на раст, иновација и успех.

Тагови: обуки за вработени

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »