Промовирани огласи »

Загадувањето не се намалува – што велат последните мерења?

Според утринските мерења, Битола и Тетово се најзагадени градови во Македонија денес.

Според утринските мерења на ПМ10 честички, највисоки вредности се забележани во Битола со 78 единици и Тетово со 67 единици. Останатите градови со повисоки нивоа на загаденост се Гевгелија (56), Кичево (53) и Охрид (49).

Во Скопје се регистрирани 46 единици, што е близу до нормалното ниво, додека Лазарополе има најниска концентрација од само 3 единици. Препорачливо е граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат подолги престојувања на отворено во најзагадените градови.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

5µg/m3Центар
4µg/m3Карпош

Македонија

46µg/m3Берово
22µg/m3Битола
13µg/m3Гевгелија
11µg/m3Тетово
10µg/m3Битола 1
7µg/m3Прилеп
7µg/m3Куманово
0µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

5 знаци дека сте микроменаџирани на работното место

Доколку ги препознавате овие знаци, можеби е време да разговарате со вашиот менаџер за поголема доверба и независност во работата

Микроменаџирањето може да биде фрустрирачко и демотивирачко.

Ако ги препознавате овие пет знаци на вашето работно место, можеби сте жртва на микроменаџмент:

1. Вашиот шеф постојано ги проверува вашите задачи

Ако добивате редовни, непотребни проверки и извештаи за секој мал чекор што го правите, најверојатно сте под микроменаџмент.

2. Немате слобода во донесување одлуки

Секој мал детаљ мора да биде одобрен од надредениот, дури и ако се работи за задачи кои спаѓаат во вашата одговорност.

3. Вашиот надреден ви дава премногу детали и упатства

Наместо да ви дозволи да ја завршите работата на свој начин, ви дава прецизни чекори кои мора да ги следите, без простор за креативност или сопствен пристап.

4. Често добивате критики за ситници

Наместо фокус на резултатите, вашиот шеф постојано ве критикува за мали грешки, начинот на кој ја извршувате задачата или дури и за тоа како ги организирате документите.

5. Се чувствувате како да немате доверба од менаџментот

Ако постојано имате чувство дека вашиот шеф не ви верува доволно за да работите самостојно, тоа е јасен знак на микроменаџмент.

Доколку ги препознавате овие знаци, можеби е време да разговарате со вашиот менаџер за поголема доверба и независност во работата.

Тагови: работно место

Промовирани огласи »

Од -10°C до 24°C: Драматични температурни промени!

Во наредниот период не очекуваат многу студени утра

Во наредниот период не очекуваат многу студени утра, со температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата. На повисоките места, како и во Беровскиот регион, температурите ќе достигнат до -10°C, додека во Скопскиот регион ќе се спуштаат до околу -5°C.

Спротивно на утринските температури, дневните ќе бележат значителен пораст, особено од четврток (20 март) па натаму, кога ќе се движат од 15 до 24°C. Времето ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во почетокот ќе биде од северен правец, а подоцна ќе се промени во јужен и југоисточен.

Поради очекуваните ниски утрински температури, особено во комбинација со топлите денови, земјоделците треба да преземат мерки за заштита на своите култури, а најмногу на овошките, кои поради невообичаено топлото време во изминатиот период се во фаза на расцветување.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

21.4.2026 Вторник   10° 07:46   21:23
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h






















10°
10°

2

2
22.4.2026 Среда   / 15° 07:44   21:24
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°








11°
12°
13°
14°
15°
15°
15°
14°
13°
12°
10°
10°



2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

3

3

3

2

3

3

3

3

4

3

4

4

4
23.4.2026 Четврток   / 16° 07:43   21:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
12°
14°
14°
15°
16°
16°
16°
16°
15°
13°
11°



5

5

5

4

4

4

4

4

4

3

4

4

5

4

4

4

4

4

4

4

3

2

2

2

Промовирани огласи »

Од денес сите огласи од Аптека Виола на KARIERA.mk

KARIERA.mk со нова соработка со Виола Аптеки!

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Виола Аптеки! Доколку сакате да станете дел од професионален тим кој се грижи за здравјето на граѓаните, следете ги нашите огласи и аплицирајте за вашата идеална работна позиција.

Виола Аптеки е современа компанија која од 1992 година континуирано расте и се развива во насока на унапредување на здравствената заштита. Со успешното функционирање на „Виола“ Аптеки и Веледрогерија Виола Трејд, визијата за целосна услуга кон граѓаните станува реалност.

Во „Виола“ секогаш ќе најдете професионализам, посветеност и одлични услови за работа. 

Моментално се отворени следниве позиции:

Фармацевтски техничар
Фармацевт
Фармацевтски техничар - 3та смена

Следете ги нашите огласи на KARIERA.mk и пронајдете го вашето идеално работно место.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »