Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Меморандум за соработка, со кој студентите ќе помагаат во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализацијата во образованието.
 (10) - Copy 1.webp)
Под менторство на своите професори, студентите ќе учествуваат во одржување на информациски системи и дигитални платформи на МОН, како и во креирање и имплементација на нови технолошки решенија во образованието.
Дополнително, факултетот ќе организира обуки и семинари за усовршување на вработените во министерството, а МОН ќе поддржи практично усовршување на студентите. Планирани се и заеднички истражувања, анализи, хакатони и натпревари во информатичко-комуникациската сфера.
Тагови: Министерство за образование и наука (МОН) ФИНКИ