Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември минатата година изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец од 2023 година, тоа претставува зголемување од 9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Според извештајот, најзначајни придонесувачи за ова зголемување се административните и помошни услужни дејности кои бележат раст од 13,2 отсто, следени од секторите транспорт и складирање со 12,3 проценти и рударство и вадење на камен со 12 отсто.
За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2024 година изнесувала 41.999 денари, додека просечната бруто-плата во декември истата година достигна 65.582 денари.

Тагови: плата администрација