Промовирани огласи »

Musala Soft организатор на Muffin техничка конференција

Musala Soft организатор на Muffin техничка конференција

Компанијата Musala Soft и годинава ќе биде организатор на шестата по ред техничка Muffin конференција која ќе се одржи во Младинскиот културен центар на 28 октомври. 

Настанот ќе го отворат Делјан Илов, Извршен директор на Musala Soft, Неговата Екселенција Марјан Ѓорчев, Амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија и Неговата Екселенција Иван Петков, Амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија. 

Конференцијата Muffin e годишен настан и очекувањата се дека и оваа година ќе собере многумина од сферата на технолошките иновации. 

Новостите поврзани со конференцијата и каде може да се регистрирате може да следите на Facebook страницата на конференцијата https://www.facebook.com/MUFFINconference/  .

Промовирани огласи »

1000 долари за пронајдена грешка во апликација - нова стратегија на Google

Google ќе им плаќа на хакерите кои ќе пронајдат грешки во Android апликациите

Многу е веројатно дека Google се надева дека ќе го зголеми квалитетот на апликациите во Play store со лансирањето на нова програма која е сосема различна од веќе постоечката. Додека старата програма се фокусирала на пронаоѓање грешки во веб страните и оперативните системи, оваа програма ќе им плаќа на хакерите кога ќе најдат слабости во некои од најдобрите Android апликации. Веднаш по пронаоѓањето, хакерите треба да го прикажат проблемот на програмерите и да работат заедно со нив пред да го предадат извештајот преку платформата наречена HackerOne и да можат да си ја подигнат својата награда. 

Google ветува 1000 долари за секоја грешка која ќе ги исполни критериумите, но хакерите нема да можат да изберат било каква апликација. Општо познато е дека има премногу spam апликација во плејсторот. Моментално, наградата може да ја добијат единствено ако најдат веродостојна грешка во Dropbox, Duolingo, Line, Snapchat, Tinder, Alibaba, Mail.ru и Headspace. Google планира и во иднина да покани уште повеќе програмери за решавање на овој вид проблеми. 

Тагови: Google

Промовирани огласи »

Она што не го учиме во училиште

Кои се работите кои не се учат во училиште?

Во процесот на созревање, многу често ги прифаќаме фактите за животот онака како што другите ни ги кажуваат. Образувај се, вработи се, создади фамилија. Но, со откривањето на еден важен факт, може да живеете еден малку поинаков живот. 

Погледнете го следново видео кое пренесува многу важна порака.

https://www.facebook.com/JayShettyIW/videos/1902010903446699/

Промовирани огласи »

3ца познати ликови кои во своите млади години воопшто не биле познати

Патот до врвна кариера за секого не бил брз и лесен

Патот до успехот не е секогаш брз, овие 3ца мажи кои се одлични претставници на своите правци во своите млади години сепак не биле воопшто познати:

Силвестер Сталоне

Што точно знаеме за Сталоне? Претпоставувате дека тој бил отсекогаш познат и успешен? Грешка сте. Во своите дваесетти години, Силвестер Сталоне се бавел со снимање на нискобуџетни порно филмови, со цел да заработи за кирија и храна.

Тој, во почетокот на своите триесетти години се затворил во својата куќа и ја напишал приказната за еден од најпознатите боксери на денешницата.

Леонард Коен

Еден од најпознатите кантавтори и писатели, Леонард Коен не бил отсекогаш популарен. Леонард, во својата младост создавал дела кои не биле толку успешни, но подоцна во своите триесетти години тој почнал да пишува поезија поради која станал своеврстен заштитен знак на својата држава – Канада.

Ван Гог

Иако Ван Гог е еден од најдобрите уметници на сите времиња, неговиот креативен период започнал доцна во животот. Тој, сè до својата 28-ма година не земал четка во рака, а дури во своите триесетти години Ван Гог почнал да создава бројни дела по кои денес е познат и поради кои е славен.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »