Промовирани огласи »

Загаденоста руши рекорди – вечерва не се дише!

Вечерва во Македонија повеќе градови се со висока концентрација на ПМ10 честички. Проверете кои се најзагадени!

Според најновите мерења на ПМ10 честички, Кавадарци е град со највисока загаденост вечерва во Македонија, со концентрација од 100, што укажува на многу висока загаденост. Блиску по него е Велес, каде што нивото изнесува 77, а следат Гостивар со 65 и Битола со 59.

Тетово и Кичево исто така промашуваат границата на нормалното ниво со износ на ПМ10 честички од 59 и 58, соодветно. Во меѓувреме, дисциплинирани во однос на нивото на загаденост остануваат Охрид и Струмица, чиј процент на ПМ10 се движи околу нормалните граници од 49 и 41. На најнизок степен на загаденост се наоѓаат Лазарополе со 12, при што граѓаните од оваа област вечерва можат безбедно да уживаат во отворени простории.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

221µg/m3Лисиче
127µg/m3Центар
121µg/m3Ректорат
117µg/m3Карпош
82µg/m3Гази баба
70µg/m3Миладиновци

Македонија

318µg/m3Кавадарци
221µg/m3Куманово
190µg/m3Струмица
177µg/m3Кичево
136µg/m3Прилеп
133µg/m3Гостивар
102µg/m3Велес
81µg/m3Гевгелија
30µg/m3Битола
25µg/m3Охрид
8µg/m3Лазарополе

Промовирани огласи »

Резултати од истражувањето за ментално здравје на КАРИЕРА.мк

Над 40% од испитаниците би избрале помала плата за работа со помалку стрес

КАРИЕРА.мк месец јануари го посвети на кампања за задржување на менталното здравје која ја заврши со одличен настан на 30.1.2025 во хотел Панорамика, каде преку 60 претставници од најдобрите компании во државата дискутираа учеа и споделуваа идеи за тоа како да се пристапи кон разрешување на најголемата дилема на денешницата, како да направиме убав баланс меѓу работните обврски и нашите приватни животи во ова модерно и брзо време. Работилницата беше под водство на нашите искусни говорнички, Розалија Секулоска - магистер психолог и психотерапевт, и Цветанка Штерјова Бурзевска - психолог и гешталт арт психотерапевт и за истата можете да погледнете детали ТУКА.

Во однос на истражувањето кое беше спроведено онлајн, беа вклучени 520 доброволци испитаници, работоспособно население од државата. 

На прашањето - како би го оцениле своето ментално здравје (од 1 до 10) резултатите тежнеат кон повисоките бројки.

Како најчеста оценка се издвојува 8, со 20.2% од одговорите.

Над 35% од испитаниците се изјавиле дека најголемиот извор на стрес доаѓа од работата, исто така над 30% изјавиле дека немаат проблем да зборуваат за стресот и анксиозноста на работното место без да бидат осудени за истото.

Над 35% од испитаниците имаат добра комуникација со своите колеги на хоризонтално ниво, а скоро 40% биле некогаш или повремено изложени на мобинг на работното место.

Еден од најинтересните податоци од истражувањето покажува дека дури 42% од испитаниците би се сложиле на 20% помала плата само за да избегнат големи стресови на своето работно место. Овој податок гласно говори за свесноста на луѓето за влијанието и директната поврзаност на задржувањето на менталното здравје и нивниот приватен живот.

Најголем број на испитаниците сметаат дека казните на работното место треба да се применуваат заради одржување на дисциплината, 29% од нив сметаат дека треба да се користат но поретко, додека пак 33% сметаат дека користењето на метод за казнување е неприфатлив но понекогаш неминовен.

За крај над половина од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат прегорено или со burn out синдром често или повремено, на ова прашање само 4% одговориле дека никогаш не се соочиле со овој синдром.

Како заклучок од ова истражување можеме да издвоиме дека фасцинантни се бројките за влијанието на статусот на нашето ментално здравје врз нашите животи. Тимот на КАРИЕРА.мк продолжува со поддршка и имплементација на стратегии за справување со потешкотиите на модерните предизвици кои ни ги носи секојдневното долгочасовно работење и опкружување преку специјално дизајнирани работилници на корпоративно ниво во договор и на барање со компаниите кои се подготвени да пристапат на оваа тема сериозно и значајно да го подобрат менталното здравје на своите вработени преку интересни и добро познати механизми.

За песонализирани барања за креирање на корпоративни работилници од овој тип слободно пишете ни на contact@kariera.mk

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Охрид!

Огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Во продолжение, разгледуваме кои се најчестите огласи за работа во Охрид и како најдобро да ги искористите овие можности.

Персонал за хотел
Продажен Персонал - Охрид
Оператор за контрола на квалитет - Охрид
Возачи на виљушкар
Продавач на деликатес - Охрид
Продавач/Возач регион Охрид

Се уште невработени?! Сите останати работни места можете да ги најдте ТУКА.

Промовирани огласи »

Загаденост на воздухот во Скопје

Проверете ги актуелните мерки за ПМ10 честички во различни општини во Скопје и како тие влијаат на вашето здравје.

Според последните мерења на ПМ10 честички од утрово, повеќето општини во Скопје се со нормално ниво на загаденост, но Лисиче покажува повисока загриженост со регистрирани 76 единици, што спаѓа во високата категорија. Ова значи дека жителите би требало да избегнуваат долготрајно излегување на отворено и да преземат заштитни мерки, како носење маски.

Останатите делови на градот, како Миладиновци (42), Ректорат и Гази Баба (по 30), Центар (29) и Карпош (16) имаат ПО честички во нормални граници, што укажува на нешто побезбедна средина за сите активности на отворено. Сепак, следењето на состојбата и понатаму останува важно, особено за чувствителните групи на граѓани.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

221µg/m3Лисиче
127µg/m3Центар
121µg/m3Ректорат
117µg/m3Карпош
82µg/m3Гази баба
70µg/m3Миладиновци

Македонија

318µg/m3Кавадарци
221µg/m3Куманово
190µg/m3Струмица
177µg/m3Кичево
136µg/m3Прилеп
133µg/m3Гостивар
102µg/m3Велес
81µg/m3Гевгелија
30µg/m3Битола
25µg/m3Охрид
8µg/m3Лазарополе
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »