Промовирани огласи »

ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. Според нив минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се зголемени за 10,43 проценти што значи дека инфлацијата не е 3,5 проценти како што покажуваат статистичките податоци, туку над 10 проценти.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

Граѓаните во Македонија не дека живееме многу добро и имаме многу добри плати, па пазариме и со тоа ја погреваме инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега дека во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување, истакна Трендафилов.

Како што посочи, информациите говорат дека цената на житото на светските берзи е намалена за околу 13 проценти, а кај нас цената на лебот е намалена само за еден денар и нема намалување на цените на брашното и други производи.

Сметаме дека е добро Владата како што почна на почетокот во септември да им ги извади фактурите за набавната вредност на производите кои се увезуваат и да покажат по која цена се увезени производите, а потоа по која цена ги продаваат, рече Трендафилов.

Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано.

Од ССМ сметаат дека се потребни и други мерки од страна на Владата, а во следниот период најавуваат поригорозни мерки за да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од почитувањето на мерките.

Промовирани огласи »

Расте просечната плата во Македонија, изнесува 41.999 денари

Доволна ли е за живот?

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната нето плата во ноевмри изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на октомври.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 проценти.

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63 154 денари.

Промовирани огласи »

До крајот на јануари уште еден неработен ден, но не за сите граѓани

До крајот на месецов уште еден неработен ден, но само за една категорија на граѓани.

Полека изминува јануари - месецот полн со празнувања и неработни денови. До крајот на месецов уште еден неработен ден, но само за една категорија на граѓани. 

За граѓаните припадници на српската заедница во Македонија неработен ден ќе биде 27 јануари (понеделник) кога се слави Свети Сава.  

Следниот неработен ден за сите граѓани е 30 март (недела) кога се слави Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно нема да се работи на 1 април (понеделник).

Во 2025 година ќе имаме помалку продолжени викенди за разлика од минатата година. 

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Битола!

Најди работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Администратор во планирање
Работник во одржување
Продукт менаџер
Сметководител
Инженер во сектор контрола на квалитет

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »