Промовирани огласи »

Расте просечната плата во Македонија, изнесува 41.999 денари

Доволна ли е за живот?

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната нето плата во ноевмри изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на октомври.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 проценти.

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63 154 денари.

Промовирани огласи »

До крајот на јануари уште еден неработен ден, но не за сите граѓани

До крајот на месецов уште еден неработен ден, но само за една категорија на граѓани.

Полека изминува јануари - месецот полн со празнувања и неработни денови. До крајот на месецов уште еден неработен ден, но само за една категорија на граѓани. 

За граѓаните припадници на српската заедница во Македонија неработен ден ќе биде 27 јануари (понеделник) кога се слави Свети Сава.  

Следниот неработен ден за сите граѓани е 30 март (недела) кога се слави Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно нема да се работи на 1 април (понеделник).

Во 2025 година ќе имаме помалку продолжени викенди за разлика од минатата година. 

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Битола!

Најди работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Администратор во планирање
Работник во одржување
Продукт менаџер
Сметководител
Инженер во сектор контрола на квалитет

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Трамп ги враќа работниците назад во канцеларија

Федералните службеници се враќаат во канцелариите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба која бара од сите федерални вработени да се вратат на работа и да престанат да работат од дома. Наредбата важи за сите цивилни федерални работници, но дозволува исклучоци што ќе ги утврдат раководителите на одделите и агенциите. Оваа одлука се смета за обид на Трамп да ја намали федералната бирократија и да инсталира вработени лојални на неговата администрација.

Некои критичари сметаат дека оваа наредба ќе предизвика масовни откази, бидејќи многу вработени не сакаат да се вратат на физичка работа, но истовремено, поддржувачите на Трамп го гледаат ова како начин за подобрување на продуктивноста и ефективноста во владиниот сектор. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека работата од дома може да ја зголеми продуктивноста на вработените.

Претседателот на најголемиот синдикат на федерални работници го критикуваше Трамп за оваа наредба, тврдејќи дека таа ќе доведе до политизација на федералната служба и ќе ги изложи работниците на политички влијанија. Заклучно, иако не е јасно кога ќе се имплементира наредбата, ова ќе има големо влијание на работните услови на федералните вработени.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »