Промовирани огласи »

Државната енергетска компанија понуди цена од 62 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум.

Новата цена е  за две евра повисока од цената по која во моментов државните електрани му ја продаваат на универзалниот снабдувач.

Според пресметките оваа цена е за 3,3 отсто повисока од сегашните 60 евра за мегават час електрична енергија кои ЕСМ  му ги продава на ЕВН Хоум. Понудата на ЕСМ има најголемо влијание врз формирањето на крајната цена за домаќинствата и малите фирми.

Електродистрибуција пак, на тендер обезбеди струја од ЕСМ за покривање на своите загуби. ЕСМ ќе им продава струја по 100 евра за мегават час колку што е досегашната просечна цена за загубите во системот.

Цената на електричната енергија од 1 јануари ќе зависи најмногу од тоа каква цена државните електрани ќе понудат до Универзалниот снабдувач.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека големи промени нема да има во цената на електричната енергија. Ако евентуално дојде до поскапување, тоа ќе биде до три проценти. Мицкоски смета дека понудата од ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра.

Ваквите очекувања, Мицкоски ги темели на постепената консолидација на ЕСМ што е направена во изминатите четири-пет месеци, состојбата со количините јаглен, набавката на природниот гас…

Но, ветувањето кое тој го даде веднаш по формирањето на новата Влада беше дека од јануари граѓаните и компаниите ќе добиваат поевтина електрична енергија. Тогаш тој најави дека во наредните шест месеци ќе се направат напори за реорганизиција на енергетскиот сектор и идната година граѓаните да добијат поевтини сметки за струја.

Првиот дел од ветувањето е исполнет, Мицкоски потврди дека ЕСМ е консолидирана, но цената на струјата наместо да се намали може да се зголеми.

Од Регулаторната комисија за „Фокус“ велат дека во овој момент се анализираат доставените барања на енергетските компании: Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО. Се очекува и исходот од тендерот за набавка на струја за покривање на загуби, по што ќе може РКЕ да донесе одлука за тарифите до крај на месецот – за мрежните оператори и оператор на пазар.

Што се однесува до ЕСМ, потсетуваме дека РКЕ не ја регулира цената на државниот производител, туку истата се формира од страна на Владата на РСМ, како сопственик на оваа компанија. Потоа, согласно Законот за енергетика, АД ЕСМ конкурира на повикот на Универзалниот снабдувач – ЕВН ХОМЕ, кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи. Потоа Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ќе ја пресмета финалната цена на електрична енергија и ќе ја достави до РКЕ, која ќе го провери целиот процес и ако е согласно Методологијата истата ќе ја одобри или врати на доуредување, соопштија од РКЕ.

Промовирани огласи »

Приватна пошта ја презема доставата на пратките од „Али Експрес“, корисниците реагираат на квалитетот на услугата

Иако пратките стигнуваат побрзо, корисниците се жалат на проблемите при контакт со куририте.

Приватната компанија за поштенски услуги „Еко Логистик“ ја презеде доставата на пратки од „Али Експрес“ за Македонија. Компанијата за оваа новина објави на својата фејсбук страна, истакнувајќи дека сега пратките пристигнуваат многу побрзо. „Сега купувајте без грижи од Али Експрес, пратките стигнуваат побрзо од кога било. Нема чекање со месеци како досега“, стои во објавата на „Еко Логистик“.

Меѓутоа, граѓаните на социјалните мрежи не се задоволни со квалитетот на услугата. Иако пратките стигнуваат побрзо, корисниците се жалат на проблемите при контакт со куририте. Некои од нив велат дека куририте не ја доставуваат пратката во договореното време, што предизвикува непријатности и забавување на процесот.

Целиот текст прочитајте го на skopjeInfo.mk

Промовирани огласи »

Скопјани и утрово се разбуди во смог. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е прв најзагаден град во Европа, а четврти во светот, со индекс на загадување од 161.

Најзагаден град е Лахор, по него следуваат Делхи, Каиро, па Скопје.

Ова е листата на 10 најзагадени градови во светот.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.

Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.

Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »