Промовирани огласи »

Што е ChatGPT детектор и како функционира?

Со зголемената употреба на ВИ во образованието, медиумите и дигиталниот маркетинг, ваквите алатки стануваат сѐ поважни за проверка на автентичноста на содржината.

Што е ChatGPT детектор?

ChatGPT детектор е дигитална алатка дизајнирана да анализира текстови и да процени дали тие се напишани од човек или генерирани со помош на вештачка интелигенција, како ChatGPT. Со зголемената употреба на ВИ во образованието, медиумите и дигиталниот маркетинг, ваквите алатки стануваат сѐ поважни за проверка на автентичноста на содржината.

Како функционира?

Детекторите користат алгоритми за обработка на природен јазик и модели обучени на големи количини човечки и ВИ текстови. Тие ги анализираат речениците според различни параметри:

  • сложеност и структура на реченицата,
  • фреквенција на одредени зборови
  • присуство на повторувачки шаблони,
  • невообичаени синтаксички конструкции.
  •  алатката дава процентуална проценка за веројатноста дека текстот е создаден со помош на ВИ.

За што се користи?

➡️ Образование: Наставниците и професорите ги користат за да проверат дали учениците или студентите користеле ChatGPT при пишување на есеи, домашни задачи или истражувачки трудови.

➡️ Медиуми и новинарство: За верификација на содржина објавена онлајн, особено на социјални мрежи и блогови, каде што ВИ содржината може да се користи за манипулација или дезинформација.

➡️ Бизнис и маркетинг: Компаниите ги користат за да идентификуваат автоматски генерирани рецензии, коментари или е-пораки кои може да влијаат на репутацијата.

➡️ Етика и транспарентност: Сѐ повеќе организации бараат јасно обележување на ВИ-содржини заради заштита на потрошувачите и одржување на доверба.

Важно:

Иако ChatGPT детекторите се корисни, тие не се совршени. Постои можност да направат грешка, особено ако текстот е хибриден (дел од човек, дел од ВИ), или ако е преработен. Резултатите треба да се користат како индикативни, а не како конечен доказ. Затоа секогаш се препорачува да се комбинираат со човечка проценка и контекстуална анализа.

Тагови: ChatGPT вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Крипто плаќањата влегуваат во секојдневната употреба

PayPal го претстави „Pay with Crypto“, нова услуга што цели на интеграција на крипто плаќањата во секојдневните трансакции, нудејќи пониски трошоци и моментални конверзии.

PayPal го претстави „Pay with Crypto“, нова услуга што има за цел да ја направи криптовалутата неразделен дел од секојдневните финансиски трансакции. Со оваа иницијатива, компанијата се стреми да ги намали интернационалните трошоци за трансакции до 90% и да овозможи моментални порамнувања, поддржувајќи над 100 криптовалути и интеграции со дигитални паричници како Coinbase, MetaMask и Binance.

Според официјалното соопштение, новата услуга ќе им овозможи на бизнисите значителни заштеди, намалувајќи ги традиционалните трошоци за процесирање на кредитни картички кои можат да достигнат до 10% на глобално ниво. „Pay with Crypto“ им нуди на трговците и корисниците моментална конверзија во стабилни монети како PYUSD, со трансакциски трошоци од само 0.99% во првата година.

Дополнително, PayPal обезбедува принос од 4% на средствата чување во PYUSD, нагласувајќи ја потенцијалната корист за бизнисите. Истото е искажано од Алекс Крис, претседател и извршен директор на PayPal, кој вели дека овие иновации го поттикнуваат растот на трговците и ги намалуваат трошоците.

Крипто плаќањата влегуваат во секојдневната употреба

Тагови: PayPal криптовалута

Промовирани огласи »

Вицепремиерот Николоски со убава вест! Пет нови авиолинии до скопскиот аеродром од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Новите авиолинии ќе значат повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, порача во видео-обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром, појасни вицепремиерот. 

Новите авиолинии ќе значат повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. 

Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година. И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром. Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии. Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија, истакна Николоски. 

Тагови: авио сообраќај Александар Николоски

Промовирани огласи »

Денеска изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје, ќе се снимаат кадри за филмот на Манчевски

Избегнувајте го овој дел од градот во овој период! 🎬

Времен режим на сообраќајот ќе биде воведен денеска, 31 јули, кај Градска болница поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.

За потребите на снимањето на филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“ и во соработка со МВР и ЈП Улици и патишта, известуваме за времен режим на сообраќајот на булевар 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвен Крст до раскрсницата кај Градска болница, велат од ПР тимот.

Времениот режим е предвиден за денеска, во периодот од 20:00 до 04:00 часот ноќта. 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Тагови: сообраќај Милчо Манчевски

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »