Промовирани огласи »

YouTube се заканува дека ќе ги блокира корисниците кои блокираат реклами

Дел од корисниците веќе се предупредени

YouTube бара начини за поагресивна борба против гледачите кои користат блокатори на реклами додека гледаат видеа на платформата.

Корисниците на YouTube забележаа предупредување дека репродукцијата на видеото ќе биде блокирана по три видеа. Во предупредувањето се наведува дека YouTube ќе ги спречи да продолжат да гледаат видеа на платформата, освен ако не го оневозможат својот блокатор на реклами или не ја додадат веб-страницата на нивната „бела листа“.

Рекламите го одржуваат YouTube бесплатно за милијарди корисници ширум светот“, се вели во соопштението. Исто така, YouTube ги „советува“ корисниците да се одлучат за претплата на YouTube Premium за да избегнуваат реклами, во тој случај „креаторите сепак би добивале плата за она што го работат.

Пред овие предупредувања, YouTube прикажуваше само известувања за скокачки прозорци на корисниците на блокирачите на реклами, потсетувајќи ги дека со тоа се прекршени правилата за користење на платформата. Новите предупредувања се „дел од малиот експеримент што YouTube го спроведува на глобално ниво“, кој бара од корисниците да ги исклучат блокаторите на реклами и да дозволат рекламите да се појавуваат на платформата или да се претплатат на YouTube Premium.

Доколку корисниците упорно користат блокатори на реклами, YouTube може да ги спречи да гледаат видеа. Во моментов новите мерки се применуваат за мал број корисници. YouTube најголемиот дел од приходите ги добива од реклами, а падот е забележан во трите претходни квартали, па нема да биде изненадување доколку новите мерки се применат на повеќе корисници ширум светот.

Тагови: YouTube

Промовирани огласи »

„Законот дозволува работа и над 48 часа, но никаде не пишува дека ќе се работи по 72 часа“, вели Тренчевска

Министерката го објасни законот за работниците на Коридорите 8 и 10.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска кажа дека никаде во законот не пишува дека работниците на Коридорот 8 и 10 ќе работат по 72 часа неделно.

Тоа не го пишува во законот. Работното време за овие работници е 40 часа со дополнителни осум часа. Се дозволува и работа над овие 48 часа, ако има временски услови за такво нешто, но во законот не пишува дека ќе се работи по 72 часа, вели Тренчевска.

Претходно од Сојузот на синдикати кажаа дека најслабата алка во заштита на правата на работниците е Трудовиот инспекторат, кој не врши ефикасна контрола врз условите за работа.

Промовирани огласи »

2022 година е првата година во која Бугарија не е најевтина земја во Европската унија. Во однос на најниските трошоци за живот, таа е претекната од Романија, покажуваат податоците на Евростат објавени на веб-страницата на заводот за статистика.

Во Романија стоките и услугите чинат 42,2 отсто помалку од просекот на ЕУ, додека во Бугарија плаќаат 41,3% помалку, покажуваат податоците.

Друга земја-членка со блиски нивоа на цени на оние во Бугарија и Романија е Полска, а таму Полјаците олјаците плаќаат 38,5 отсто поевтино од просечниот Европеец.

Има уште три земји на Балканот каде што нивото на цените е пониско, но тие не се членки на ЕУ - Босна и Херцеговина, Македонија и Турција, каде цените се за 60 проценти пониски од просекот на ЕУ.

Промени има и на другиот крај од рангирањето - најскапите земји. Во 2022 година, Луксембург, кој со години беше најскапата земја во ЕУ,  е тргнат од врвот од Ирска. Таму стоките и услугите чинат 46,6 проценти повеќе од просекот на ЕУ, додека Луксембург е поскап за само 36,6 отсто.

Всушност, најскапата земја на континентот е Швајцарија. Таму ценовното ниво е за 74,3 проценти повисоко од просекот на Европската Унија.

Промовирани огласи »

Неколку совети за поголем профит на вашиот бизнис?

Што да направите за вашата компанија добие поголем профит?

Бизнисот може да биде комплициран потфат, посебно кога станува збор за заработка. Може да имате одлична идеја за бизнис и за тоа како да ја зголемите продажбата, но важно е како ќе управувате со вашите пари. Треба да имате расположлив износ на готовина со кои што ќе може да ги исполните вашите финансиски обврски. Ова е всушност еден циклус на готовина кој што ќе влегува и излегува во вашиот бизнис и вашиот бизнис треба да има навистина добри приходи со цел да не се зголемат трошоците. Сопствениците на бизниси треба да остваруваат постојан профит за да опстои нивниот бизнис.

Еве неколку совети како би можеле да го зголемите вашиот профит:

  • Со зголемување на потенцијални купувачи
  • Со зголемување на конверзија на потенцијални купувачи во вистински купувачи
  • Со зголемување на профитот во моментот на продажбата
  • Со зголемување на број на трансакции во моментот на продажбата
  • Реактивација на минатите купувачи
  • Кратење на трошоците

Профитот претставува целата продажба за одреден период и доколку ги покриете сите трошоци и останете во позитивен износ тогаш имате профит,во спротивно доколку имате негативен износ ќе претрпите загуба. Најчесто профитот е тој што го поттикнува бизнисот а не продажбата,иако продажбата е од суштинско значење за една компанија. Целта на секој бизнис треба да биде тоа да има високи профитни маргини за да може да се заработат повеќе пари. Компаниите нема да останат во бизнисот доколку немаат профит,па кога капиталот ќе заврши најчесто компанијата ги затвара своите врати бидејќи ниту еден бизнис неможе да преживее со вечни загуби. Затоа,профитот претставува витален дел од бизнисот и за него секогаш е потребно финансиско планирање.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »