Промовирани огласи »

За Велигден 4 слободни денови, потоа следи уште еден продолжен викенд

Дали почнавте да го планирате продолжениот викенд?

Овој април имаме два продолжени викенди.

Имено, согласно Законот за празници во април неработни денови за сите граѓани се:

  • 17 април (понеделник), вториот ден од Велигден според православниот календар
  • 21 април (петок), првиот ден од Рамазан Бајрам

За граѓаните од православна вероисповед неработен е 14.април кога се одбележува Велики петок, ден пред Велигден. 

Тоа значи дека верниците од православна вероисповед ќе имаат четири слободни дена за Велигден. 

Првиот ден од месец мај (понеделник) кога се одбележува Денот на трудот, исто така, е неработен ден за сите граѓани. 

Промовирани огласи »

Од полноќ горивата со повисоки цени

Подгответе повеќе пари!

Регулаторната комисија за енергетика, одлучи од полноќ да поскапат горивата.

ЕУРОСУПЕР 95 поскапува за 1,5 денар, и од утре ќе се продава по цена од 84,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 поскапува за 2 денари, и според новата цена ќе се продава по 87 денари по литар.

Поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ за 2 денари, и од утре ќе се продава по малопродажна цена од 74 денари по литар. Поскапува и цената на екстра лесното масло за 1,5 денари, и ќе се продава по 73 денари.

Мазутот се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 41,1 денар по литар. 

Промовирани огласи »

Погледнете ја позитивната енергија од настанот „Активности со Колибровци“ кој се одржа на 08.04.2023 во Скопската Зоолошка Градина!

Викендов на 08.04.2023 година се одржа настанот„Активности со колибровци“ погледнете дел од атмосферата!

На ден 08.04.2023 година во зоолошката градина во Скопје KARIERA.mk го организираше настанот „Активности со Колибровци“ настан за најмладите!

Додека најмалечките заедно со FUNIMATIONS пееја, танцуваа, се забавуваа и ја пополнуваа боенката на слатките Колибровци, родителите имаа можност да дознаат повеќе за MojaKARIERA картичката - новиот продукт на KARIERA.mk за олеснување на процесот на вработување.

Следете нѐ за да дознаете за нашите следни активности и работилници!

Во прилог погледнете дел од атмосферата:

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Финска ќе организира „семинар за среќа“

Ќе ги учат луѓето како да бидат среќни

Финска нуди патување на кое ќе ги учат луѓето да бидат среќни. 

Четиридневниот „семинар за среќа“ годинава првпат ќе се одржи во Финска. Финкса ќе обезбеди сместување за десет лица во луксузниот ресорт Куру, потполно бесплатно, како и авионски карти, семинари и оброци. „Visit Finland“ ќе ги покрие трошоците.

Финска нуди четиридневен курс за среќа кој почнува на 12 јуни во луксузното одморалиште Куру, потполно бесплатен за десет луѓе. Учесниците ќе престојуваат во вили опкружени со борови шуми и живописен поглед, секоја со сопствен приватен спа и сауна.

Извештаите на Обединетите нации, покажуваат дека Финска е на првото место на листата на најсреќни земји во 2023 година. Оваа земја вложува многу труд во менталното и физичкото здравје на својот народ, а оваа година решија да го споделат својот рецепт за среќа со другите народи.

Македонија е една од земјите со најнесреќен народ во Европа, според податоци од повеќе истражувања. Несреќни се и Украинците, Турците, Авганистанците. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »