Понеделник е ден за нови почетоци, креирање на планови и светли замисли. Заради тоа, KARIERA.mk реши да ве потсети што е поважно од парите низ неколку искази од славните:

1."Ако парите се вашата надеж за независност никогаш нема да ја имате. Единствената вистинска безбедност што еден човек може да ја има во овој свет е резерва на знаење, искуство и способност." - Хенри Форд, основач на Ford Motor Company.
2."Среќата не е во самото поседување на пари; таа лежи во радоста на постигнувањето, во возбудата на креативната работа." - Франклин Рузвелт, претседател на САД.
3."Сите сакаат да се возат со вас во лимузина, но она што го сакате е некој кој ќе фати автобус со вас кога лимузината ќе се расипе." - Опра Винфри, медиумски сопственик.
4."Мудриот човек треба да има пари во својата глава, но не и во своето срце." - Џонатан Свифт, автор на Гуливеровите патувања.

5."Добро да се има пари и она што парите можат да го купат, но добро е, исто така, да се провери од време на време и да се осигурате дека не сте ги изгубиле нештата што парите не можат да ги купат". - Џорџ Хорас Лоример, новинар и автор.
6."Луѓето бркаат готовина, а не среќа. Кога бркате пари, ќе изгубите. Едноставно ќе изгубите. Дури и ако ги фатите парите, вие нема да бидете среќни." - Гери Вејнерчак, основач VaynerMedia.
7."Парите, како и емоциите, се нешто што мора да го контролирате за да го задржите вашиот живот на вистинскиот пат." - Наташа Мунсон, автор, инспиративен говорник и извршен директор на Be Magic, Inc.
8."За успешен претприемач може да значи екстремно богатство. Но, со екстремно богатство доаѓа и екстремна одговорност. А одговорноста за мене е да се инвестира во креирање на нови бизниси, креирање на нови работни места, вработување на луѓе и да се стават пари на страна за да се справиме со проблеми каде што можеме да направиме разлика." - Ричард Бренсон, основач на Virgin Group.
9. "Не мислете дека парите прават сè или ќе завршите правејќи се за пари." - Волтер, лидер од ерата на просветлувањето (age of enlightenment).
10."Пред да зборувате, слушајте. Пред да напишете, мислете. Пред да троште, заработете. Пред да инвестирате, истражете. Пред да критикувате, почекајте. Пред да се молите, простете. Пред да се откажете, обидете се. Пред да се пензионирате, штедете . Пред да умрете, дадете." - Вилијам Артур Вард, автор на Фонтани на Вербата.
11. "Постојат луѓе кои имаат пари и постојат луѓе кои се богати." - Коко Шанел, моден дизајнер.