Од 2ри август сите луѓе на планетата Земја почнаа да живеат„на кредит“, бидејќи веќе ги потрошиле ресурсите кои планетата би можела да ги регенерира годинава.
Ова го покажуваат податоците на меѓународната истражувачка организација Global Footprint Network.

Денот во кој човештвото ги апсорбира сите ресурси за годината, настапува уште порано секоја година, посочува организацијата. Ова го вклучува уништувањето на шумите, суша, недостаток на свежа вода, ерозија на почвата, како и акумулација на јаглерод диоксид во атмосферата.
Нашата планета е ограничена, но човечките можности не се такви. Да живееме во рамките на средствата на една планета е технолошки можно, финансиски поволно и единствената шанса за просперитетна иднина, коментира Матис Вакнергаел, извршен директор на Global Footprint Network, еден од креаторите на калкулаторот за еколошкиот отпечаток.
Најголемо трошењето на ресурси се забележува во Луксембург. Потоа, следува Катар - најголемиот производител на природен гас во светот, на 19 февруари.
Австралија ги потрошила своите ресурси за една година до 12 март, Канада - до 13 март, а САД - до 14 март.
Поеколошки се живее во Хондурас, каде годишните ресурси се очекува да ги задоволат потребите на населението до 31 декември.

Во моментов населението на Земјата користи ресурси како за 1,7 планети.
Основен еколошки отпечаток врз Земјата има храната. Со намалувањето на хранливиот отпад половина во светот може да се намали овој датум со 11 дена, пресметува организацијата. Конзумирањето на помалку протеински-интензивна храна во светот може да го поместите овој ден за 31 ден.