За жал, анализите покажуваат дека просечен човек од Македонија заработува најмалку во регионот.
Во мај највисока просечна плата е исплатена во Словенија од 1.050,78 евра, а најниската е во Македонија и изнесува 372,55 евра, покажува анализа на агенцијата Анадолија.

Во истиот месец во Хрватска просечната плата била 813,17 евра, во Црна Гора 510 евра, во Србија 409,63 евра и во БиХ 439,71.
Најмногу пораснала платата во Хрватска во однос на претходно, а најмалку во Црна Гора и тоа само 7 евра.
Во БиХ платата пораснала за 11.71 евро, а во Македонија за 9.05 евра.

На крајот од 2016 година во Словенија платата била 1.020,40 евра, во Хрватска 749,70 евра, во Црна Гора 503 евра, во БиХ 428 евра, во Србија 369,70 евра и во Македонија 363,50 евра.