Ако имате навика да испраќате е-пошта што започнува со зборовите "Само испраќам пријателски потсетник за..." - имаме лоши вести за вас.
Веројатно, навистина не сакате да навредите никој туку само да потсетите за нешто што требаше да ви биде предадено минатата недела меѓутоа пораките од типот на "пријателски потсетник" во форма на досадни мејлови се нешто заради што колегите не ве сакаат или пак тајно ве мразат.

За вас, мејлот за потсетување едноставно може да биде "не-конфронтативен начин да побарате нешто за кое што вашите колеги заборавиле" но, за жал, тоа можеби не е пораката што доаѓа до вашите соработници.
Не разбирате? Треба да ја напуштите оваа лоша е-маил навика и да престанете да испраќате вакви мејлови, а еве зошто:

За да составите таков мејл, веројатно сте употребувале и зборови од типот: "можеби", "веројатно", "верувам" и тн., што го поткопува вашиот кредибилитет со вашите соработници. Иако може да ги вметнете овие фрази за помек тон, тие исто така прават да изгледате несигурно.
Бидете јасни со вашиот избор на зборови, залагајќи се за директна комуникција. Верувајте ни, вашите вработени и соработници ќе ја ценат директноста и едноставниот приод.

Следниот пат кога некој ќе доцни со некоја договорена задача, само поминете од неговото биро и јасно прашајте го колегата: Заборави да ми ja испратиш анализата што требаше да биде готова до вчера?
Хармонијата во вашиот ум ќе биде зголемена а истовремено ќе создадете и чувство на одговорност кај луѓето со кои соработувате и нивните лоши навики за доцнење се повеќе ќе исчезнуваат.