Тамара Булок Глишиќ од Србија, извршна директорка на „Altitude Strategies" со години соработува со земји од Блискиот Исток и објаснува кои се правилата на игра во арапскиот свет за кој луѓето имаат многу предрасуди.
По шест години работа со тамошните земји научила некои правила за деловна соработка.
Вели дека е многу важно да се има трпение затоа што сите процеси се побавни за разлика од Србија, Америка или Европа.
Додава дека одлуки се донесуваат на 5-6 нивоа.

Булок Глишиќ вели дека за арапскиот свет е во ред жена да биде на лидерска позиција во некоја компанија.
Објаснува дека за состаноци нема некои посебни правила за облекување за жените од оние правила кои се практикуваат во Србија, но во Саудиска Арабија е поинаку.
Вели дека Емиратите, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија имаат доволно жени во деловниот свет.
Познавањето на локалната култура и менталитет е клучно за успех, додава Булок Глишиќ.
Во арапскиот свет се цени ценкањето, кое е уметност.
Советува ако се соработува со луѓе од арапскиот свет дека мора да се биде сериозен затоа што сите лоши намери и желба да се стигне до целта по скратен пат ќе биде откриена.