Промовирани огласи »

Чарлс е новиот крал на Обединетото Кралство

Чарлс е новиот крал на Обединетото Кралство

Принцот Чарлс (73), наследник на тронот од тригодишна возраст, сега е крал и официјално ќе биде прогласен за тоа во палатата Сент Џејмс во Лондон што е можно поскоро.

Промовирани огласи »

Почина британската кралица Елизабета Втора

За смртта објави Бакингамската палата

Почина британската кралица Елизабета втора.

Веста прв ја пренесе британскиот јавен сервис, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

Како што беше објавено, британските власти имаат план, во случај на смрт на кралицата.

Во случај да на смрт на кралицата Елизабета, британските власти имаат план за сè што ќе следи во наредните денови – од тоа како ќе се соопштува веста до самиот погреб.

Постапката која дава насоки за тоа што да се прави во случај на смрт на кралицата е наречена „Операција Лондон Бриџ“ (Лондонски мост).

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами смета дека зимскиот распуст во училиштата треба да се продолжи на два месеца, но не само за време на енергетската криза, туку и потоа, со цел поголемо штедење.

Изготвуваме ист допис до Влада за тоа да важи за сите училишта, бидејќи сметаме дека не само сега за време на енергетската криза во која се наоѓа државата и треба да штедиме, туку сметаме дека вакво нешто е потребно согласно најдобрите европски искуства. Зимскиот распуст треба да се продолжи со цел и децата да можат да го планираат нивниот одмор, но сега во енергетската криза мислам дека ова е најсоодветно. Јас ќе бидам во комуникација со градоначалникот на општина Гостивар со цел истата иницијатива да ја продолжиме и преку заедниците на локалната самоуправа, рече градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.

И првиот човек на Гостивар, Таравари претходно побара зимскиот распуст да трае два месеца – декември и јануари, со цел штедење на струја. Вели дека предлогот го доставил до Министерството за образование, а идејата наишла на поддршка од многу градоначалници.

Целиот текст прочитајте го на mkTV21.mk

Промовирани огласи »

Видео: BBC One ја прекина програмата и емитува вонредни вести, кралското семејство се собра околу кралицата

Кралицата Елизабета под медицински надзор, лекарите загрижени

BBC One ја прекина целата своја редовна програма најмалку до 18 часот.

Медиумската корпорација ја донесе оваа одлука да го прекине своето редовно емитување на „Би-Би-Си Еден“ поради веста за здравјето на нејзиното височество Елизабета Втора.

Емитувањето е прекинато за да се информираат гледачите дека лекарите на британската кралица се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата. И таму почнаа да се собираат граѓани, загрижени за здравствената состојба на кралицата.

Поранешниот кралски дописник, Ричард Самнер, за Би-би-си вели дека внимателната формулација на изјавата на Бакингемската палата во врска со здравствената состојба на британската кралица Елизабета Втора сугерира оти „веројатно се случува нешто сериозно“.

Претходно денеска, од палатата соопштија дека 96-годишната британска кралица е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје

Во меѓувреме и другите светски медиуми започнаа да одат во живо од Лондон, но и од замокот во Шкотска каде претстојува таа во моментов.

Видео: BBC One ја прекина програмата и емитува вонредни вести, кралското семејство се собра околу кралицата

Видео: BBC One ја прекина програмата и емитува вонредни вести, кралското семејство се собра околу кралицата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »