Промовирани огласи »

На што најмногу треба да обрнете внимание кога барате работа?

Овие 6 грешки ги прави скоро секој што бара работа – дали и ти си меѓу нив?

Барањето работа може да биде предизвикувачки процес, но со вистинскиот пристап и внимание кон важните детали, можете да го направите многу поуспешен. Еве неколку клучни работи на кои треба да обрнете внимание:

  • Опишаните барања и одговорности

Внимателно прочитајте го огласот за работа. Дали имате вештини и искуство што се бараат? Размислете дали работната позиција одговара на вашите способности и интереси.

  • Компанијата и нејзините вредности

Истражете ја компанијата. Погледнете ја нивната веб-страница, социјални мрежи, и коментари од поранешни вработени. Дали би се вклопиле во нивната култура?

  • Работното време и локација

Проверете дали работното време и локацијата се прилагодени на вашиот животен стил. Флексибилноста и можноста за работа од дома може да бидат значајни фактори.

  • Платата и бенефитите

Ако се наведени, споредете ги условите со слични позиции на пазарот. Не се срамете да поставите прашања за плата, здравствено осигурување, бонуси и други погодности.

  • Можност за напредување

Размислете долгорочно. Дали оваа позиција нуди простор за развој и унапредување на кариерата?

  • Интервјуто како двонасочен процес

Не заборавајте – вие не се „продавате", туку и вие „купувате". Поставувајте прашања, бидете искрени и слушајте внимателно.

Запомнете, изборот на работа не треба да биде импулсивен – тоа е одлука која влијае на вашиот животен квалитет. Поставете си приоритети, и не се задоволувајте со нешто што не одговара на вашите вредности и цели.

Сакате промена на кариера, прочитајте и за: Како да ја смените кариерата во 3 чекори

Тагови: интервју за работа плата

Промовирани огласи »

Денеска истекува мерката за ограничување на маржите, ќе има ли зголемување на цените?

Ќе се зголемат ли цените по истекувањето на мерката за ограничување на маржите?

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека мерката дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февруари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци се намалени, така што оваа мерка дава резултати. Со Државниот пазарен инспекторат ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормно зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки, изјави неодамна Дурмиши.

Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените најави дека ќе има поригорозни мерки од тие што ги имавме досега.

Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи дека ќе опфатиме уште повеќе групи. Со одлуката што ќе ја донесеме за ограничување на маржите, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат синџирите на маркети или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески вчера посочи дека досегашните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека се добри резултатите од воведувањето на мерката, но кажа дека ќе ги чекаат крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела за да одлучат што ќе прават понатаму.

Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените, изјави Ристески.

Се надевам, додаде, дека поучени од минатото сите учесници во синџирот на трговија веќе ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард.

Сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните и да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата, посочи Ристески.

На предлог на Министерството за економија и труд од 20 март годинава се применува ограничена бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи. Мерките истекуваат денеска.

Тагови: Влада на РСМ минимална кошница Министерство за економија Државниот завод за статистика

Промовирани огласи »

Како Кина ја користи роботиката за да ја надмине глобалната конкуренција

Кина инвестира масовно во роботизација и автоматизација на производството,

Кина инвестира масовно во роботизација и автоматизација на производството, што ѝ овозможува да ја одржи ниска цената на производите и покрај глобалните трговски бариери и високи тарифи. Денес, кинеските фабрики се поавтоматизирани од оние во САД, Германија или Јапонија, со исклучок на Јужна Кореја и Сингапур. Оваа технолошка предност ѝ овозможува на Кина да произведува со голема ефикасност и да доминира дури и во снабдувањето со опрема на западни фабрики.

Кинеската влада вложува огромни средства – преку државни фондови и банки – за развој на вештачка интелигенција, роботика и модерни фабрики. Роботите со вештачка интелигенција стануваат се подостапни, а локалното производство им овозможува значителна ценовна предност. Иако луѓето сè уште се потребни за фини процеси и контрола на квалитетот, машините преземаат сè поголем дел од работата.

Главен мотив зад овие напори е демографската криза – со драстично намален број на новороденчиња и опаѓање на населението во работоспособна возраст, Кина мора да ја зголеми продуктивноста преку автоматизација. Универзитетите годишно произведуваат стотици илјади технички кадри, значително повеќе од другите земји, со што ја обезбедуваат технолошката база за оваа трансформација. Според експертите, продуктивноста е единствениот начин Кина да ја задржи својата економска предност.

Тагови: Кина роботи автоматизација

Промовирани огласи »

KARIERA.mk на кариерниот ден организиран од South East European University

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.

KARIERA.mk беше дел од Кариерниот ден организиран од SEEU, каде што учествуваа голем број реномирани компании меѓу кој зема учевство и KARIERA.mk, која е сè повеќе препознаена од младите и амбициозни луѓе што ја градат својата професионална иднина.

На нашиот штанд имавме можност не само да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката и сите нејзини придобивки, туку и да оствариме топла, пријателска дружба.
Сите посетители беа љубезно почестени со КАРИЕРА кафе, додека нашите претставници им објаснуваа како картичката функционира, како може да им помогне во процесот на вработување, и на кој начин можат побрзо и поефективно да се истакнат пред работодавачите

Што добивате ако ја активирате вашата МојаKARIERA картичка?

🔹 Препорака до компаниите! – BASIC

Вашето CV директно се препраќа до соодветни компании со кои KARIERA.mk има стабилна и партнерска соработка, со што значително се зголемуваат шансите да стигнете побрзо до вработување.

🔹 Професионална проверка на вашето CV – PRO

Нашиот искусен тим прави детална анализа и ви испраќа конкретни препораки за унапредување на вашето претставување пред работодавците – со цел да блеснете уште при првиот впечаток.

Дополнително, спроведовме и мини интервјуа со млади студенти, кои отворено ги споделија своите очекувања за првата работа, професионалните надежи и визијата за кариера. Нивните мислења се важен показател за насоката во која треба да се движи пазарот на трудот.

Погледнете дел од атмосферата – галеријата од слики е во прилог.

Тагови: Кариера Онлајн

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »