Лето на екстремно високи, зиме на поларни температури. Надворешните услови и височините се огромен ризик фактор по животот и на градежните работници. Тие бараат бенифициран стаж.

Се откачи скелето и почина работник. Градежник го изгуби животот откако малтер падна врз него. Многу често сме сведоци на згаснувања на животи и несреќи со тешки последици кои се случуваат на градилиштата. Последен случај е оној од пред околу една недела,кажаа од синдикатот, каде со повреди се здобиле 4-ца работници, за кои изразија жалење и апелираа да побараат совети и заштита од синдикатот кој би застанал ЗАД нивните барања.
Атанас Трајковски, инженер, претставник на независен синдикат на градежни работници : Ние на градилиште имаме прашина имаме, доаѓаме во допир со бетон арматура, тоа го вдишуваме, јас морам да сум со нив, јас можам да се сокријам, но тие не.
Бенефициран стаж за градежните работници, минималната сатнина да изнесува 3 и пол евра од работен час, побара независниот синдикат. Градежништвото најзагрозена професија. Градежните работници работат во тешки услови. На големи висини по 10 до 12 часа дневно. Во летниот период на плус 40 целзјусови степени, а во зима и на снег и на магла.
Атанас Трајковски, инженер, претставник на независен синдикат на градежни работници : Има и други барања, но да не должам многу јас би завршил, затоа што времето е ужасно и можете да замислите како му е на градежен работник...за лето, кога ќе дојде зима ќе дојдеме на снег.)
За маките и барањата на градежните работници е информирано надлежното министерство. Министерката Мила Царовска според Трајковски понудила детална анализа со помош на која ќе им се излезе во пресрет на работниците во градежниот сектор.
Извор - Канал5