Клиничка болница Жан Митрев

Радиолошки технолог - Битола

Објавенпред 2 недели
Активен до21.10.2026
ПозицијаМедицински персонал/Негуватели
ЛокацијаБитола
Телефон02/30 91 500
Веб-страницаzmc.mk
За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

За потребите на проширување и унапредување на нашиот медицински тим, Поликлиниката на ПЗУ Поликлиника ЖМД – Струмица објавува оглас за пополнување на следната работна позиција : 

Радиолошки технолог

Огласот се однесува исклучиво на засновање на работен однос во Поликлиниката со седиште во Битола, во динамична и професионална средина која континуирано вложува во квалитетот на здравствените услуги и стручниот развој на кадарот.

Доколку сте професионална, одговорна и мотивирана личност со посветеност кон пациентите и желба за професионален развој, Ве покануваме да се приклучите кон нашиот тим.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование за радиолошки технолог;
  • Положен стручен испит;
  • Претходно работно искуство на исто или слично работно место ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Високо ниво на внимателност и одговорност при работењето;
  • Познавање и доследна примена на принципите за радијациска заштита;
  • Подготвеност за следење на новитети и континуирано професионално усовршување.

Лични карактеристики и вештини

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Одговорност, прецизност и организираност;
  • Професионален однос кон пациентите и работните обврски;
  • Мотивираност, стабилност и самостојност во работата;
  • Висока свест за тимска работа и соработка;
  • Флексибилност при индивидуално и тимско работење;
  • Способност за работа во динамична работна средина;
  • Доверливост, дискреција и почитување на професионалната етика.

Дали сте подготвени за следниот чекор во Вашата кариера?

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и сте подготвени за нов професионален предизвик, ве покануваме да ни го испратите вашето CV преку полето за аплицирање и да станете дел од нашиот тим.

Други активни огласи од Клиничка болница Жан Митрев

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе