Home District Coffee Corner ја започнува својата приказна!
Бараме одговорни, љубезни и комуникативни личности за цело и половина работно време, за работа во кафуле кое се наоѓа во нов мини-мол за мебел, уредување и ентериер Home District Skopje во Визбегово.
Одговорности:
- Подготовка и послужување на кафе и други пијалаци
- Послужување на готови прехранбени производи
- Љубезен однос, комуникација и cross sell продажба на клиенти
- Работа на пулт и наплата
- Одржување на уредност и хигиена на работниот простор
Личен профил:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Професионален однос и позитивен став
- Искуство во угостителство е предност, но не е задолжително
Што нудиме:
- Редовна и коректна плата, придонеси и годишен регрес
- Mожност за бонуси врз основа на индивидуалниот придонес, позитивни резултати и ангажман
- Обезбеден оброк и пијалок
- Работно време во една смена 40 часа неделно (од 10.00 - 18.00 понеделник - петок) / 20 часа неделно (16.00 - 20.00 понеделник -петок)
- Обука и поддршка во извршување на работните задачи
- Стабилна работа во модерна и пријатна атмосфера
Доколку комуникацијата со клиенти е Ваша предност, сакате да работите во модерна и опуштена атмосфера и да сте дел од силен тим каде поддршката, проактивноста и личниот развој се приоритети, испратете ја Вашата професионална биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на 075/801-234.
Започнуваме со работа од 07 ноември!