Стани дел од тимот за корисничка поддршка на една од водечките мултинационални компании во индустријата за детски играчки и производи за забава, со повеќе од 200 продавници низ светот. Како Агент за корисничка поддршка на германски јазик, ќе бидеш важен дел од корисничкото искуство, комуницирајќи директно со клиентите и обезбедувајќи им професионална и ефикасна поддршка. Ќе им помагаш со нивните прашања и барања, ќе наоѓаш соодветни решенија и притоа ќе ги развиваш своите комуникациски и јазични вештини во динамична меѓународна средина.
Што нудиме?
- Конкурентна плата од 58.632 денари
- Бонус за добредојде од 6.000 денари
- Можност за работа од дома или од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје - вие бирате!
- Работно време во смени, во период од 09:00 до 19:00 часот (да, добро прочитавте, само дневни смени)
- Месечни бонуси за перформанси
- Бонуси за препораки
- Полиса за приватно здравствено осигурување
- Придобивки од SportMaster
- Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Транском има склучено соработка
- Онлајн центар за психолошко советување
- Професионална и платена обука за работа
- Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
- Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
- Кариерен развој и глобално искуство
Што бараме?
- Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (B2/C1)
- Основни познавања од работа на компјутер
- Тимски играч кој ужива во динамична средина
- Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.