ОГЛАС ЗА АСИСТЕНТ ВО ФИНАНСИИ
Корпа ДОО Скопје бара одговорна, прецизна и организирана личност која ќе му се придружи на нашиот тим на позицијата Асистент во финансии.
Главни одговорности
- Евидентирање и обработка на пресметки и излезни фактури
- Подготовка на документација за книжење и соработка со сметководството
- Водење и ажурирање финансиски евиденции и табели
- Подготовка на основни финансиски извештаи
- Контрола и архивирање на финансиската документација
- Извршување административни работи во рамките на финансискиот оддел
- Комуникација со клиенти и другите оддели во компанијата
Потребни квалификации
- Завршено минимално средно образование
- Добро познавање на Microsoft Office, особено Microsoft Excel
- Прецизност, одговорност и добра организираност
- Способност за почитување рокови и одговорно постапување со доверливи податоци
- Добри комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Претходно искуство на слична позиција ќе се смета за предност, но не е задолжително
Нудиме
- Работа во стабилна и професионална средина
- Обука и поддршка при воведувањето во работата
- Можности за професионален развој и напредување
- Редовни и конкурентни примања
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Место на работа: Скопје, Центар
Работно време: секој работен ден од 08:00 дo 16:00 h
Работен однос: на определено време
Со нетрпение ја очекуваме вашата пријава!