Толлакс

Продажен асистент - М1 киоск, локација ул.Македонија

Објавенпред 5 месеци
Активен до02.06.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаtollaks.mk
За компанијата

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

TОЛЛАКС ДОО Скопје, е една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет.

 

Поради  зголемен обем на работа, го прошируваме тимот, вработуваме продажен асистент, во тобакoто лоцирано во срцето на градот, на ул. Македонија

 

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата
  • Дополнителна исплата за државни празници и недела + 100 %
  • Дополнителна исплата за верски празници + 50%
  • Бонуси од продажба
  • Платено колективно осигурување од незгода
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Обука за продажба на алкохолни пијалоци
  • Посета на обуки во Винарии
  • Работа во динамична и пријатна работна атмосфера
  • Можност за кариерен раст
  • Учество во општествено одговорни практики

 

Потребни квалификации:

  • Флексибилност за работа во смени
  • Искуство во работа во трговскиот сектор и малопродажба
  • Искуство во продажба на алкохол и алкохолни пијалоци
  • Минимум образование ССС
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Работење со Microsoft office 

 

Доколку имате амбиции да работите како продавач или веќе сте искусни во таа област и подготвени сте да чекорите кон нови предизвици, повисоко поставени цели и напредок во кариерата, Ве очекуваме да ни се придружите.

Вашите апликации ги очекуваме на следниот маил  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака М1 киоск на ул.Македонија.

 

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе