ТЕХНИЧАРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНА ОПРЕМА
(Машински техничари/ електротехничари/ автоматичари):
Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од нови членови во тимот за одржување.
Работни задачи и одговорности:
- Редовно одржување и сервисирање на производствените машини и опрема.
- Дијагностицирање и отстранување на механички и електрични дефекти.
- Спроведување превентивни проверки за непречено функционирање на производството.
- Интервенции при дефекти и застои во производниот процес.
- Соработка со производствениот тим за подобрување на ефикасноста на опремата.
- Почитување на сите правила за безбедност и здравје при работа.
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование (машинска, електро или сродна техничка насока).
- Искуство во одржување на машини и опрема ќе се смета за предност.
- Основно познавање на механика, електрика и индустриски системи.
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
- Подготвеност за работа во смени.
Нудиме:
- Редовна и конкурентна плата.
- Можност за професионален развој и обука.
- Стабилно работно место во успешна компанија.
- Обезбеден превоз од Битола, Демир Хисар и Крушево.
- Обезбеден оброк во трета смена.
- Работа во пријатна и динамична работна средина.
Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или да пополнат формулар за вработување на портирница во Цермат ДОО - со седиште во Битола, на ул.Новачки пат бб.
Придружете се на нашиот тим и бидете дел од успешното производство!