Доорс Импекс Дооел

HR Специјалист за SOP - Регрутација и Организациски Системи

Објавенпред 12 месеци
Активен до19.11.2025
ПозицијаHR (човечки ресурси)
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 (0)78365676
Веб-страницаwww.doorsimpeks.mk
За компанијата

Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни и противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Опис:

Нашата компанија е во потрага по искусен HR специјалист кој ќе игра клучна улога во воспоставување, развивање и имплементација на стандардни оперативни процедури (SOP) и фирмски системи. Фокусот на оваа позиција е да донесе структура, организација и ред во HR сегментот преку креирање и спроведување на SOP и интерни системи во компанијата.

Кандидатот ќе биде одговорен и за регрутација, објавување огласи, водење и одржување на персонални досиеја и целосна организација на HR процесите.

Што бараме:

  • 3–4 години искуство во HR, со фокус на регрутација, селекција и воспоставување HR стандарди.
  • Искуство во креирање и имплементација на SOP, HR политики и организациски процедури.
  • Активно учество во развивање и воведување на фирмски системи (комуникација, организација, KPI постигнување).
  • Одговорност за целосен HR циклус – огласи, интервјуа, вработувања, онбординг и документација.
  • Водење и ажурирање на HR евиденции, договори и персонални досиеја.
  • Работно време: 08:00–16:00 (8 часа).

Што нудиме:

  • Професионална и поддржувачка средина со можности за напредок.
  • Конкурентен пакет на плати и бенефиции.
  • Целосна поддршка од менаџментот за имплементација на HR стратегиите и политики.

Доколку се пронаоѓате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ваша  биографија, кратко мотивационо писмо и контакт информации на email -  [најави се за да го видиш е-маилот]  .

За дополнителни информации контакт лице : Иван Личков - 078 365 676 

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе