Поради проширување на својот тим, НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на: ХАУС МАЈСТОР - ДОМАР
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование – електротехничар ќе се смета за предност
- Одговорност, точност и способност за самостојна работа по налог
- Практично познавање работа со основен рачен и електричен алат
- Препорачливо е претходно работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија
- Висок степен на одговорност, комплетна посветеност на работата, професионализам, навременост во извршување на работните задачи, приоретизирање, самоиницијативност, способност за планирање;
Одговорност и задачи:
- Ситни хаусмајсторски и технички поправки во деловни простории
- Тековно одржување на објекти (водоводна, канализациона и електрична инсталација) и остранување на дефекти
- Водење евиденција за извршени поправки и материјал потрошен за истите ( извештаите се доставуваат до претпоставениот)
- Преземање превентивни мерки и навремено реагирање со цел избегнување на дефекти
- Познавање и одржување на систем за ладење и греење
- Асистенција на надворешни мајстори и специјализирани изведувачи
- Познавање на браварски и столаро – занатски работи
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина
- Редовни месечни примања
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]