Должности и работни задачи
- Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
- Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
- Следење на процесот при работа со машината. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на записи за мерките на деловите. Задавање на корекции на алатите
- Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
- Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат и мануелни машини
Квалификација (степен и вид на образование)
- Средна стручна подготовка (во областа на машинството)
Што нудиме:
- Интерна и екстерна обука за работното место
- Работа во една смена
- Безбедна работна средина
- Колективен годишен одмор
- Прекувремена платена работа
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој