СЕПТИМА

Комерцијалист за продажба

Објавенна 5.2025
Активен до23.05.2025
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3060-175
Веб-страницаhttp://www.septima.com.mk/
За компанијата

Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје

Со цел понатамошно обезбедување на континуиран и долгорочен пораст и развој на компанијата, распишуваме конкурс за работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС образование.
  • Предност имаат кандидати со завршено образование од областа на фармација, медицина, стоматологија
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно работно искуство во продажба во фармацевтскиот сектор

Опис на работната позиција:

  • Постигнување  на планот за продажба
  • Наоѓање на нови клиенти
  • Јавување за нарачки и нивно процесирање
  • Следење на нарачки, договарање на посебни испораки
  • Постојана едукација за производите и усовршување на своите продажни вештини
  • Следење на договорите на клиентите 
  • Следење на потребите и управување со приговорите на клиентите

Потребни вештини:

  • Одлични комуникациски, аналитички и продажни вештини
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Спремност да се носи со предизвици, кратки работни рокови и притисок

Ние нудиме:

  • Работа во амбициозен и професионален тим
  • Континуирана едукација и стимулативна работа

 

Доколку ги исполнувате наведените услови од конкурсот, Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препорака најдоцна до 25.05.2025, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе