Продажба/поддршка на кујна
Локација: Скопје Центар
Индустрија: Пекарство / Храна и пијалаци / Малопродажба
Опис на позицијата
Нова модерна пекара Лемонис во центарот на Скопје бара работник за продажба/поддршка на кујна кој ќе биде дел од продажниот тим и ќе обезбедува одлично корисничко искуство.
Позицијата вклучува услуга на клиенти, продажба на производи, одржување на продажниот простор и поддршка на дневните операции на пекарницата.
Одговорности
- Услужување и комуникација со клиенти
- Презентација и продажба на пекарски производи
- Прием и обработка на нарачки и плаќања
- Подготовка и надополнување на витрини со производи
- Одржување чистота и организираност на продажниот простор
- Почитување на стандарди за хигиена и безбедност на храна
- Соработка со производствениот тим за достапност на производите
Потребни квалификации
- Искуство во продажба, угостителство или малопродажба е предност
- Одлични комуникациски и услужни вештини
- Позитивен и професионален однос кон клиенти
- Способност за работа во динамична средина
- Подготвеност за работа во смени, викенди и празници (покриени со законски доплати)
Што нудиме
- Конкурентна и редовна плата
- Флексибилен распоред на смени
- Стабилна работа во растечки бизнис
- Пријатна и професионална работна средина
- Можност за долгорочен ангажман и развој
📩 Аплицирање: Испратете CV или побарајте на 071-380-441.