ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.
Бараме мотивиран и искусен Советник за бизнис клиенти кој ќе се приклучи на нашиот динамичен тим и ќе ги поддржува бизнис клиентите во постигнување на нивните финансиски цели.
Клучни одговорности:
- Идентификување и привлекување нови бизнис клиенти преку таргетирана комуникација, вмрежување, препораки и истражување на пазарот
- Организирање и водење продажни состаноци со сопственици на бизниси и носители на одлуки
- Идентификување и привлекување нови бизнис клиенти преку таргетирана комуникација, вмрежување, препораки и истражување на пазарот
- Дејствување како доверлив финансиски советник преку анализа на финансиските податоци на клиентите и препорака на производи кои поддржуваат раст и развој
- Следење на продажниот процес и резултати во однос на поставените цели, со редовно известување до менаџментот
- Претставување на банката на бизнис настани со цел зголемување на видливоста на брендот и генерирање нови контакти
Потребни квалификации:
- Минимум 3 години докажано искуство во продажба
- Способност за анализа на финансиски податоци и проценка на деловните резултати со цел идентификување можности и препорачување соодветни банкарски решенија
- Одлични вештини за комуникација и градење односи
- Високо ниво на професионалност и ориентираност кон клиентите
- Способност за постигнување и надминување на месечни и квартални цели
Што нудиме:
- Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера
- Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи
- Континуиран личен и професионален развој
- Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување
- Флексибилно работно време (08:00 – 09:00)
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат на https://www.pcb.mk/app-hr.nspx.