Во име на нашиот клиент Винора компанија со повеќе од 25 години искуство во областа на медицинската опрема, сервисирање и инсталација на медицински технички гасови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Сервис на медицинска опрема од различни производители (со тренинг период);
- Работа на терен и одржување активна комуникација и следење на барањата на клиентите;
- Одговорност за редовно известување на претпоставениот за работните задачи и навремено завршување на истите;
- Справување со тековни и непредвидени задачи со ефикасност, професионалности и точност;
- Водење на точна евиденција и документација на сервисни активности.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Искуство од 1 година во област на одржување мед.опрема ќе се смета како предност;
- Минимум средно електро техничко или ВСС, електро факултет или машински;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Познавања во електроника, мехатроника, пневматика;
- Одлични комуникациски и организациски способности;
- Способност за работа под притисок;
- Флексибилност и адаптибилност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 09.04.2025
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
* Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]