Доорс Импекс Дооел

Техничко - продажен консултант / sales engineer

Плата: од 50.000 до 100.000 ден.
Објавенпред 3 недели
Активен до10.10.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Телефон+389 (0)78365676
Веб-страницаwww.doorsimpeks.mk
За компанијата

Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни и противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ТЕХНИЧКО-ПРОДАЖЕН КОНСУЛТАНТ / SALES ENGINEER

ЗА ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ

Доорс Импекс постои од 2009 година и повеќе од 17 години работи со продажба, набавка, монтажа и сервис на гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и придружна опрема.

Бараме технички поткована личност која сака да работи со клиенти и да продава технички решенија.

Ако сте техничар, инженер, сервисер, лице со техничко искуство или кандидат кој е на почеток на кариерата во техничка област, а сакате да се развивате во продажба на сериозни технички решенија — ова може да биде вистинската позиција за Вас

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Комуникација со клиенти и разбирање на нивните потреби.
  • Поставување правилни технички прашања пред подготовка на понуда.
  • Предлагање соодветно техничко и комерцијално решение.
  • Активен follow-up со клиенти до донесување одлука.
  • Продажба на гаражни и ПП врати, автоматики и придружна опрема.
  • Работа со крајни клиенти, фирми, градежни компании и B2B клиенти.
  • Координација со технички сектор, монтажа, сервис, набавка и магацин.
  • Водење евиденција во CRM/ERP систем. Следење активни понуди, договори, клиенти и резултати. Градење долгорочни односи со клиенти и партнери.

КАКВА ЛИЧНОСТ БАРАМЕ

  • Техничка логика, амбиција и желба за учење.
  • Организираност, дисциплина, точност и одговорност.
  • Желба за продажба, комуникација со клиенти и follow-up.
  • Способност да поставува правилни прашања, да слуша и да предложи соодветно решение.
  • Подготвеност за работа со CRM/ERP систем, евиденција, цели, бројки и резултати.
  • Техничко образование, пракса или искуство е предност, но најважни се работната етика и желбата за развој.
  • Возачка дозвола Б категорија.
  • амбицијата и желбата за развој.
  • Потребна е возачка дозвола Б категорија.

ШТО НЕ Е ОВАА ПОЗИЦИЈА

Ова не е позиција за лице кое бара лесна работа без одговорност, не сака продажба, комуникација со клиенти и follow-up, не сака да учи технички производи или не сака да работи со систем, евиденција и резултати.

ШТО НУДИМЕ

  • Работа во стабилна и растечка компанија.
  • Обука за производите и начинот на работа.
  • Фиксна плата + бонус систем поврзан со резултати.
  • Можност да станете клучен човек во развој на нови производни категории.
  • Лаптоп, телефон и потребна опрема за работа.
  • Пријатна работна средина и тимска поддршка.

ПРЕДНОСТ ИМААТ КАНДИДАТИ СО ИСКУСТВО ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ ВО:

  • електроника, автоматика, машинство или мехатроника;
  • градежништво, сервис, монтажа или техничка продажба;
  • индустриски системи, автоматики за врати, електро брави, сензори, рампи или контрола на пристап.

Претходно искуство во продажба е предност, но не е задолжително.

Добредојдени се и кандидати кои се на почеток на кариерата или скоро завршиле техничко образование, доколку имаат техничка логика, амбиција, добра работна етика и силна желба да учат и да се развиваат во продажба на технички решенија.

Поважно ни е кандидатот да има правилен став, желба за напредок и подготвеност да ја плати цената на учење и работа, отколку само претходно искуство.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

Доколку се препознавате во овој опис, испратете Ваше CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Заедно со CV-то, испратите и кратко мотивациско бјаснување зошто сакате да ја работите оваа позиција.

Краткото објаснување ќе биде важен дел од селекцијата.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе