ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје

Електротехничар

Објавенпред 2 недели
Активен до22.10.2026
ПозицијаЕлектро-машински техничар/Техничар
ЛокацијаСкопје

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Оглас

ЛУНАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје го проширува својот тим и бара електротехничар за монтажа, поврзување и изведба на електрични инсталации и енергетски системи.

Нашата компанија работи на проектирање и реализација на енергетски проекти, со посебен фокус на фотоволтаични електрани (PV), системи за складирање енергија (BESS), нисконапонски и среднонапонски системи и електроенергетска инфраструктура. Развиваме сигурни и ефикасни технички решенија, со внимание на квалитетот на изведбата.

Локација: Скопје, со теренска работа на проектни локации согласно потребите на проектите.

Работни задачи и одговорности

  • Монтажа, поврзување и тестирање на електрична опрема и инсталации.
  • Монтажа и поврзување на фотонапонски системи, системи за складирање енергија и нисконапонски и среднонапонски инсталации.
  • Поставување и поврзување на заштитни и управувачки елементи.
  • Читање и примена на електротехнички цртежи, шеми и техничка документација.
  • Теренска работа и учество во проверка и пуштање на системите во работа.

Потребни квалификации

  • Завршено средно стручно образование.
  • Познавање на електрични инсталации и опрема.
  • Способност за читање и разбирање електротехнички цртежи и шеми.
  • Одговорност, прецизност и способност за тимска работа.
  • Подготвеност за работа на терен.
  • Возачка дозвола од Б-категорија.

Предност ќе имаат кандидатите со:

  • Практично искуство во изведба на електрични инсталации.
  • Искуство во монтажа на фотонапонски системи и/или системи за складирање енергија.
  • Познавање на нисконапонски и среднонапонски инсталации.
  • Подготвеност за теренска работа надвор од Скопје.

Што нудиме

  • Можност за професионален развој и обука.
  • Практично искуство со современи електроенергетски системи и опрема.
  • Динамична и поддржувачка инженерска средина.
  • Конкурентни услови за работа и надоместок согласно искуството и квалификациите.

Како да аплицирате

Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака во насловот на пораката: „Електротехничар“.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе