Нептун Македонија е во потрага по комуникативна и љубезна личност, ориентирана кон потребите на клиентите, со цел обезбедување на врвна корисничка поддршка. Го зајакнуваме одделот за Односи со клиенти и поради тоа објавуваме конкурс за вработување на позицијата.
РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
Одговорности и работни задачи:
- Администрација и одговарање на повици на клиенти, одговарање на барања, давање на информации, решавање на проблеми
- Прима дојдовни повици од потрошувачи
- Остварува појдовни повици кон потрошувачите
- Води евиденција и подготвува извештаи за остварените повици во системот на Друштвото
- Комуницира на социјалните мрежи, одговара на мејлови, контактира незадоволни купувачи, за соодветен одговор на прашања/поплаки/пофалби поставени на социјални мрежи, комуницира со соодветните служби од компанијата, собира информации и истите ги проследува
- Спроведува анкети согласно потребите од деловното работење
- Придонесува за успешно реализирање на продажбата и услугите на компанијата
- Администрира интернет нарачки и друга документација поврзана со нарачки за производи
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС
- Искуство во грижа за корисници или call центар (предност)
- Познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
- Способност за справување со тешки купувачи и справување со конфликтни ситуации
- Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
- Високо развиени комуникациски способности, ориентираност кон клиенти, решавање проблеми
- Познавање на Албански јазик (пожелно)
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
- Можност за континуиран развој и професионална надоградба
Доколку сакате да станете дел од амбициозен, професионален тим, кој се стреми да го одржи високото ниво на клиентско задоволство, ве покануваме да аплицирате.