Profi Credit NMK Dooel

Регионален Менаџер на филијали за Кавадарци, Прилеп и Битола

Објавенпред 6 месеци
Активен до23.05.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаКавадарци
Телефон15 004
Веб-страницаwww.proficredit.mk
За компанијата

ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Ако сте енергична, позитивна, одговорна личност со желба за развој. Ако сте динамична личност, која се стреми кон најдобри резултати и суштински мотивиран да успее, тогаш ВИЕ сте вистинскиот кандидат за нас.

Кои сме ние:

ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини.

Во Р.С. Македонија, компанијата почнува со работа од Февруари 2023 година и се стреми да биде една од водечките финансиски компании во Р.С. Македонија.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, ја чекаме Вашата биографија. Податоците испратени од вас ќе се разгледуваат и чуваат под строга доверливост во согласност со барањата на Законот за заштита на лични податоци. Успешните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

Од што се состои работата:

  • Како клучен менаџер за бизнисот, ќе бидете во контакт со нашите клиенти, внимавајќи на квалитетот на портфолиото на клиентите со кои имате кредитен однос
  • Ќе ангажирате и обучувате кредитни консултанти и ќе го развивате Вашиот тим за продажба, со кој ќе ги нудите финансиските услуги на компанијата. Добро организираниот тим ќе Ви носи голем успех за Вас
  • Ќе имате можност да се развивате не само како бизнис лидер, туку и како лидер на тимот.
  • Ќе работите во високо конкурентна индустрија каде што можете да ги споделите вашите креативни маркетинг идеи.
  • Ќе работите во исклучително динамично опкружување, погодно за амбициозни и упорни луѓе со натпреварувачки дух.
  • Предност ќе биде Вашето искуство доколку сте работеле на исто или слично работно место;

Што ви нудиме:

  • Работа со договор за вработување;
  • Бонуси, врз основа на постигнатиот резултат;
  • Дополнителни бенефиции;
  • Приватно здравствено осигурување
  • Можност за професионален развој;
  • Внатрешна обука базирана на најдобрите европски практики.

Што се очекува од Вас:

  • Да имате најмалку завршено средно образование;
  • Да  бидете комуникативна и одговорна личност, со желба за развој;
  • Да имате вештини за продажба и убедување;
  • Да имате основна компјутерска писменост (MS Office);
  • Да бидете организирани и позитивни;
  • Да сакате да работите во динамична средина.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе