АЛФА ПРИПС ДООЕЛ

Рент а кар агент

Објавенпред 2 месеци
Активен до30.08.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://alfarentacar.mk
За компанијата

Alfa Rent, as part of Alfa Prips Group, offers a variety of vehicles available for short and long-term rent in our offices at the airports in Skopje and in Ohrid, as well as in Bitola downtown. As our... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Алфа Рент а кар со локација на Меѓународен Аеродром Скопје има потреба од рент а кар агенти кои ќе се придружат на нашиот тим.

Потребни вештини и способности за оваа работна позиција се:

  • Одлично познавање на англиски јазик (говорно и писмено);
  • Валидна возачка дозвола Б категорија со минимум 2 години активно возачко искуство;
  • Kомпјутерски вештини за работа со деловни софтвери;
  • Изразени комуникациски и организациски способности;
  • Способност за ефективна тимска соработка;
  • Познавање на дополнителни јазици – ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство во туристички или услужен сектор – ќе се смета за предност.

Одговорности и работни задачи:

  • Издавање и прием на возила согласно оперативните процедури;
  • Извршување детални проверки на возила пред издавање;
  • Подготвување договори, изработка на понуди и процесирање на наплати;
  • Директна комуникација со клиенти и координација со брокери;
  • Внесување, ажурирање и управување со резервации во системот;
  • Организирање и координирање за носење на возила на технички преглед, регистрација и останати административни обврски.

Нудиме:

  • Еден месец платена обука со целосна поддршка и воведување во работните процеси;
  • Можност за професионален развој и унапредување во рамки на компанијата;
  • Организиран превоз до и од работното место;
  • Месечни бонуси врз основа на постигнатите резултати;
  • Работа организирана во две смени согласно оперативните потреби.

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на нашиот тим, ве молиме пратете CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Дел од кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации ќе бидат контактирани од нас во најскоро време за интервју.

Ви благодариме!

Други активни огласи од АЛФА ПРИПС ДООЕЛ

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе