БИСТРЕН ДООЕЛ

Тракторист/Машинист

Плата: од 50.000 до 60.000 ден.
Објавенна 7.2022
Активен до28.07.2022
ПозицијаВозач/Управувач
ЛокацијаШтип
За компанијата

Друштво за змејоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

           Друштвото за земјоделство, производство, трговија и услуги БИСТРЕН ДООЕЛ с. Љуботен Штип е млада и перспективна компанија со амбиција да биде лидер и пионер во модерно и еколошко земјоделско производство на овие простори, притоа користејќи најсовремена технологија и механизација.

          Со цел проширување на својот тим, за потребите на работниот процес, БИСТРЕН ДООЕЛ објавува оглас за:

 

Тракторист/Машинист

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Доследно го применува упатството за ракување со машината
  • Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина и се грижи за редовното работење и функционирање на истата
  • Секојдневна проверка и контрола на исправноста на машината
  • Врши евиденција на дневен учинок, потрошок на гориво
  • Ги применува и употребува предвидените заштитни средства и мерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите
  • Благовремено го известува надредениот за настанати промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Претходно работно искуство
  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
  • Способност за координација и работење со рокови
  • Висока работна етика

 

         Очекуваме добри комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.

         Во Бистрен ДООЕЛ Ве очекува млад и динамичен тим за соработка во компанија со голема перспектива и атрактивни приходи.

        Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација.

*Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои што ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани.

*Сите пристигнати апликации ќе се третираат со целосна доверливост.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе