Соработник за човечки ресурси и администрација
Доколку комуникацијата со луѓе, организацијата и создавањето позитивна работна средина се нешто во кое се пронаоѓаш, а притоа имаш одговорен и систематичен пристап кон административните задачи, те очекуваме во нашиот тим.
За проширување на нашиот тим, бараме Соработник за човечки ресурси и администрација кој/која ќе биде одговорен/на за целокупната поддршка на вработените и HR процесите во компанијата.
Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата.
Ваши одговорности:
- Одржување на позитивна и пријатна атмосфера и добри односи меѓу вработените
- Комуникација со вработените и обезбедување поддршка во секојдневните HR прашања
- Објавување огласи за работа и активно учество во процесот на регрутација
- Преглед и селекција на CV-а и кандидати
- Организирање и спроведување интервјуа со кандидати
- Координација на процесот на вработување и onboarding на нови вработени
- Организирање работилници, тимски активности, интерни настани и активности за вработените
- Следење на задоволството и ангажираноста на вработените
- Поддршка при решавање на интерни прашања и предизвици поврзани со вработените
- Подготовка и водење на HR документација
- Административни активности поврзани со вработувања, пријави, одјави, договори, отсуства и друга документација
- Ажурирање и одржување на персонални досиеја и HR евиденција
- Подготовка на плата и координација со сметководство и други оддели за прашања поврзани со вработените
- Следење и подобрување на интерните HR процедури и процеси
Идеалниот кандидат:
- Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство
- Добро го познава трудовото право
- Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост
- Одлично се снаоѓа во MS Office
Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.