Во ZIA, веруваме дека накитот е повеќе од моден додаток, тој е начин на изразување, самодоверба и создавање посебни моменти.
Ако ја сакаш модата, накитот и работата со луѓе, ако уживаш во динамична средина и сакаш секој клиент да си замине со позитивно искуство, те покануваме да ни се придружиш како Продажен асистент.
Што бараме?
- Позитивен став, енергија и љубезен однос кон клиентите;
- Одлични комуникациски и продажни вештини;
- Желба за учење и развој;
- Одговорност, организираност и внимание кон деталите;
- Тимски дух и подготвеност за работа во динамична средина;
- Флексибилност и подготвеност за работа во смени, вклучително и за време на викенди и празници;
- Искуство во продажба или работа со фискална каса е предност, но не е услов.
Што нудиме?
- Конкурентна нето плата;
- Дополнителен надомест за работа во недела и празници;
- Месечни продажни таргети и бонуси според остварените резултати;
- Можност за професионален развој и напредување во рамки на ZIA;
- 30% попуст за вработени при купување во ZIA, согласно правилата на компанијата;
- Ваучер за роденден;
- Обуки за продажба, комуникација, продукт знаење и styling;
- Работа во млад, динамичен и поддржувачки тим;
- Можност да бидеш дел од бренд кој постојано расте и се развива.
Ако се препознаваш во ова, сакаме да те запознаеме!
Не бараме само продажен асистент. Бараме личност која ќе внесе енергија, љубезност и позитивна атмосфера во нашите продавници и ќе помогне секоја посета на ZIA да биде посебно искуство за клиентот.
Аплицирај и стани дел од ZIA.