Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, во секторот Финансии има потреба од:
ПРАКТИКАНТ ЗА ФИНАНСИИ
Главни одговорности:
- Административни работи поврзани со документација од сметководство
- Ажурирање на податоци и евиденции во систем
- Помош при изработка на извештаи
- Внесување на фактури и останати сметководствени операции
Потребни квалификации:
Високо образование – Економија, Бизнис Администрација – дипломиран/а или во завршна фаза на студии
Да не е во работен однос
Возраст – до 34 години
Познавање на Англиски Јазик
Познавање на Microsoft Office (Word, Excel)
Нудиме:
- Платен надоместок согласно Закон за практикантство
- Обезбеден оброк со избор од понудено мени
- Менторирање и можност за стекнување искуство во интернационална бизнис средина
- Работа со најсовремени системи и дигитални алатки
- Можност за вработување по успешно завршување на праксата
Времетраење на практикантството: 6 месеци
Работно време: 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 (понеделник до петок)
Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.