КОМПАНИЈА ВЕЛКОСКИ ДОО

Комерцијалист/и

Објавенпред 5 месеци
Активен до23.06.2026
ПозицијаКомерцијалист/Агент
ЛокацијаЦела Македонија
Веб-страницаwww.velkoski.mk

Опис на огласот

КАРИЕРА ВО ТРГОВИЈА

Компанија Велкоски ДОО има потреба од комерцијалист за градежни материјали :

Компанија Велкоски ДОО е основана во 1991 година и е успешно присутна повеќе од 35 години како една од водечките компании во сегментот на материјали за завршни работи во градежништвото. Во моментов главната активност на нашата компанија е трговија со производи, советување и изработување на проекти за уредување на станбени и деловни простори. Целта на нашата деловна стратегија е постигнување на раст и развој со континуирано зголемување на нашето пазарно учество. Компанија Велкоски нуди одлични работни услови со можност за наградување и бонуси, како и можност за посета на обуки за професионална надоградба.

ПОЗИЦИЈА: Комерцијален продажен менаџер за градежни материјали реон: Скопје/Тетово/Гостивар

Опис на работни обврски:

  • Секојдневна посета на постојани и потенцијални клиенти;
  • Развој и одржување на продажната мрежа;
  • Градење и одржување на професионален однос со клиентите;
  • Презентација на целиот асортиман на производи пред потенцијални и постојани клиенти;
  • Подготовка на дневни и неделни извештаи за работењето;
  • Посета на коминтенти;

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено
  • Средно Образование;
  • Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на Англиски јазик;

Лични карактеристики:

  • Одлични комуникациски и преговарачки способности;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Посветеност, лојалност и професионалност;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Динамичност, флексибилност и насоченост кон резултати

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе