Ремондис Медисон ДОО

Возач/Собирач на медицински отпад

Плата: од 35.000 до 70.000 ден.
Објавенпред 4 месеци
Активен до30.06.2026
ПозицијаВозач/Управувач
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://remondis.mk/about-us-copy
За компанијата

Ремондис Медисон Д.О.О., дел од меѓународната компанија Ремондис со седиште во Лунен, Германија, е активна на пазарот во Северна Македонија од 2019 година. Компанијата обезбедува современи, ефикасни и... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Возач / Собирач на медицински отпад

Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од одговорна, лојална и мотивирана личност за позицијата: Теренски работник за собирање и транспорт на медицински отпад.

Опис на работните задачи:

  • Секојдневно собирање и преземање на медицински отпад од здравствени установи (ординации, лаборатории, клиники) по однапред утврдена рута.
  • Транспорт на отпадот до главниот магацин/локација за обработка.
  • Правилно ракување со отпадот и почитување на сите безбедносни протоколи и стандарди за заштита.
  • Водење уредна документација за преземените количини.

Потребни квалификации:

  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија (активен возач).
  • Исклучиво кандидати кои живеат во Скопје или Куманово.
  • Претходно искуство со возење на комбиња или доставни возила ќе се смета за предност.
  • Високо ниво на одговорност, дисциплина и точност.
  • Способност за физичка работа и почитување на мерките за лична заштита.

Што нудиме:

  • Редовна и конкурентна почетна плата (со можност за бонус во зависност од успешноста).
  • Обезбедени сите потребни заштитни средства (опрема, ракавици, маски).
  • Обезбедено службено возило за извршување на работните задачи.
  • Пријатна работна атмосфера и сигурна работа на долг рок.

📧 Како да аплицирате?

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV (или кратка биографија со телефонски број) на e-mail: [ [најави се за да го видиш е-маилот] ] или да се јават на телефонскиот број: [070256173] 

Други активни огласи од Ремондис Медисон ДОО

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе